Запознајте ја сопствената ранливост

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА СОПСТВЕНАТА РАНЛИВОСТ
 

Ве разочарале, сами себе сте се разочарале? Не сте можеле да верувате дека вам ви се случува нешто толку неубаво? Не можете себе да се поврзете со ситуацијата во која сте се нашле,зошто ви се срушил мостот на комуникација меѓу вас и светот.

Справете се, излезете на крај со вашите груби разочарувања! Нека паднат маските, не ви е потребна лажана слика за себе, слика на сила, моќ, недопирливост. Пуштете го своето внатрешно дете да излезе дете кое копнее по емпатија, утеха, разбирање

Признајте дека и вие како и стотици како вас се чувствуваат ранети и дозволете ни да ви помогнеме во тој процес на самооздравување!

Да, секоја рана е многу лична, интимна и на свој нашин важна.И секоја од нив врз вас оставила трага.Справете се со сето тоа!

Научете како да ги изразите своите чувства,особено оние негативните! Престанете да бегате од себе,нема каде да се сокриете. И не е потребно. Вие сте вредна личност, достојна да живее исполнет и квалитетен живот!

За едукацијата

Еднодневна работилница на тема: ,, Запознајте ја сопствената ранливост“

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог-психотерапевт со долгодишно професионално психолошко и психотерапевтско искуство.

Датум: 16.04.2015.

Место на одржување: Работнички Универзитет ,,Кочо Рацин“-Скопје

Цена: 1000 ден.

Пријавување и информации на тел.: 070/585-033 и 078/335-957.


Пријавувањето е во тек. Бројот е ограничен.

Наши едукации