Замолчи го критичарот во себе и надмини ја несигурноста

Вашиот внатрешент критичар или самосаботер постојано е активен и ви создава негативна слика за вас самите. Ве навредува, критикува, понижува, обесхрабрува, блокира и ви прогнозира неуспех. Ви буди катастрофални очекувања, црни мисли, чувство на вина, напнатост, незадоволство, страв. Ви одредува како треба да изгледате, што да работите, со кого да бидете, што да говорите, колку лично вредите. Може да стане толку многу гласен што ви влева страв и од најмала грешка. 

Ако за себе имате негативна слика, можеби се наоѓате во некоја деструктивна врска од која никако не излегувате или имате недостаток на самопочитување. Можеби сте незадоволни и со работата која ја имате зошто не верувате дека може да биде подобро. Или сте незадоволни со својот физички изглед и имате изразен страв од отфрлање. Внатрешниот критичар прави да се чувствувате НЕСИГУРНО. А кога сте несигурни, имате непријатни чувства на сомневања, страв, срам и безнадежност. Мислите  дека сте сте неспособни и недостојни за вистинска среќа. Низ животот се движите убедени дека другите ве сметаат за неспособни и неуспешни. Сте ја загубиле сопствената лична моќ. Верувате дека не сте вредни за добивање љубов и останувате во врска, иако сте жртва на непотребна љубомора и посесивност на партнерот. Стравувате што другите ќе кажат, како ќе реагираат и евентуално да не се исмејат на некоја ваша идеја. Независно каква одлука и да донесете или по кој пат да тргнете, мислите дека сте згрешиле. Не знаете како своите поединечни искуства, мисли, чувства и  особини да ги вреднувате

Ако во ова се препознавте, веме е да ја затворите оваа страница од вашата животна приказна. Научете како да го замолчите внатрешниот критички глас и како да ја надминете несигурноста во себе. Престанете да се сомневате во себе, во својата работа, во својата приказна... Отворете нова животна страница. Ние во тоа  можеме да ви помогнеме. Низ бројни испробани вежби, техники и методи кои на работилницата ќе ви бидат презентирани, ќе ви помогнеме да научите како внатрешниот критичар да го стишате и несигурноста која ја чувствувате да ја надминете.
 

За работилницата

Датум на одржување: 16.02.2017 (четврток), 18:30 – 20:30 часот

Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50 та Дивизија 22, 1000 Скопје

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт

Котизација: 800 денари

Контакт: 070/585-033, 078/335-957.

Напомена: Пријавувањето можете да го направите заклучно со 16ти Февруари до 14:00 часот
.

Пријавувањето е задолжително
 

 

Наши едукации