Победете ги стравот и загриженоста

Стравот кој го чувствувате ве приковува за тлото на просечноста и ве спречува да стигнете таму каде што би сакале да бидете. Центарот за едукација, советување и личен развој Imago-Slef, на ден 19.05.2016 година, од 18:30-21:00 часот, организира едукaтивната работилница, на која ќе имате единствена можност практично, низ конкретни вежби и техники да дознаете како да ги победите стравот кој го чувствувате и загриженоста заради која не спиете. Ќе добиете практично разработени стратегии и тестови, за да откриете како со стравот и зариженоста стоите. Работилницата ќе ја води м-р Милка Ололоска, психолог-психотерапевт со долгогодишно професионално искуство. ИСКОРИСТЕТЕ ЈА ОВАА ЕДИНСТВЕНА МОЖНОСТ! Многу пракса, малку теорија! Дојдете и самите уверете се!
 
Стравот кој го чувствувате ве приковува за тлото на просечноста и ве спречува да стигнете таму каде што би сакале да бидете. Научете како стравот да го победите. Единствено овде ќе може да дознаете како тоа да го направите. Зошто? Затоа што ви нудиме:
  1. Табела на видови на стравови и конкретни акции кои за секој од стравовите треба да ги превземете.
  2. Тест преку кој ќе откријте каде се наоѓате кога е во прашање вашиот страв. И тоа не е сè.
  3.  Добивате и практично разработени стратегии за победа на стравот!

Научете како да се справите со вашите грижи. Не ви е потребно да бидете„квазипозитивни“и во животот да го  игнорирате сето негативност како  тоа да не постои. Ви нудиме:
  1. Практични начини за анализа на вашите грижи (на самата работилница презентирани со примена на конкретни техники).
  2. Ќе ви понудиме задачи кои  самите дома ќе можете да ги сработите.
  3.  Ќе научите како да престанете да се грижите за погрешни работи.

За едукацијата

На едукативната работилница се формира ГРУПА составена од помал број учесници. На работилницата, можете да бидете во улога на слушател, или ако сакате може да заземете и активно учество. Во прашање е личен избор. Едукативната работилница не е групна психотерапија. Не се изнесуваат лични, интимни проблеми. На едукативната работилница теоретски, но пред сè практично се стекнувате со нови сознанија во однос на конкретната тема што е поставена.
 
Цена за работилницата: 1.000 ден.

Место на одржување: ул.Смилевска бр.12б 
 
Контакт телефони: 070/ 585-033 и 078/335-957

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог-психотерапевт

Пријавување до: 19.05.2016 год.(четврток) до 14:00 час.  
 

Наши едукации