Ослободете се од вашите емотивни и ментални блокади


Преокупирани сте со себе и со години ги носите вашите животни приказни, емотивната врзаност, убедуваањата... Некои од нив се бескорисни идеи,  други се емотивни остатоци од тешките моменти од вашето минато. Некои се само убедувања за кои сте се врзале без видлива причина. А некои се самодеструктивни навики и стравови. Ова е само дел од вашите емотивни и ментални блокади,  кои не ви  дозволуваат да живеете поисполнет живот. Од нив треба да се ослободите.

На работилницата која ќе се одржи на 27ми Април, од 18:30 до 20:30 часот, ќе имате можност да научите како да се ослободите од вашите емотивни блокади:

-вашите емотивни рани  и непријатни сеќавања 

-лошата слика која за себе ја имате

-страв од истакнување и носење секојдневни животни одлуки, 

-страв од успех и неуспех ,

-страв од она што не го разбирате,

-страв од промени...


Ќе ви помогнеме да се ослободите од вашите ментални блокади:

-негативно и претерано размислување,

-деструктивна самокритика,

- преголема врзаност, 

-предрасуди и убедувања, 

-одолговлекувања од типот  „од утре...“

-потреба за туѓи одобрувања, 

-преголема самокритичност, 

-потреба за преголема контрола и 

-несигурност

За работилницата

Датум на одржување: 27.04.2017(четврток), 18:30 - 20:30 часот

Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50 та Дивизија 22, 1000 Скопје

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт

Котизација: 1000 денари

Контакт: 070/585-033, 078/335-957.

Напомена: Пријавувањето можете да го направите заклучно со 27ми Април до 14:00 часот
.

Пријавувањето е задолжително
 

 

Наши едукации