Справете се со негативните емоции

Веќе подолго време се чувствувате повреденo, тажно, исплашено, несреќно, луто, круто, ирационално, невредно, несакано, анксиозно. И по кој знае кој пат, повторно пред вашите негативни емоции замижувате. Ги игнорирате, осудувате и против нив се борите. Можеби и не сте свесни дека тоа го правите.

Заради негативните емоции, чувствувате како да сте ја изгубиле животната среќа и радост. Длабоките издишувања, притисокот во градите, црни сценарија во главата, повлекување од социјалниот живот, чувство дека ништо веќе нема смисол...Сте станале „роб “на вашите негативни емоции. Мислите дека со нив ќе се справите ако длабоко во себе  ги потиснете? Во заблуда сте. Тие се потиснати, а тоа не значи дека исчезнале. Тоа не само што не ви е решение, туку може да ви создаде и некое соматско заболување, особено ако негативните емоции веќе подолг временски период се дел од вашето секојдневие....

Бегате од емотивната болка, во надеж дека ќе го избегнете страдањето. Но, тоа така не се случува. Ви нудиме единствена шанса да научете како да ги прифатите вашите емоции такви какви се, како да не им се противите и како да не ги осудувате...Ќе ви стане јасно за улогата која негативните емоции во вашиот живот  ја имаат. Ќе ја слушнете и приказната за емотивната болка од која толку многу сакате да побегнете. И сето тоа „спакувано“ како ваш емотивен багаж, кој го влечете, влечете...Но, веќе сте изморени. Не знаете како понатака, со цел тој емотивен товар.

Ние, за вас го имаме вистинското решение! Дојдете на нашата едукативна работилница: ,,Справете се со негативните емоции“, за да низ конкретни, практично применливи техники, вежби, научите како со негативните емоции да се справите. Научете како да постигнете емотивен баланс и рамнотежа. 
 

За работилницата

Датум на одржување: 22.12.2016 (четврток), 18:00 – 20:00 часот

Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50 та Дивизија 22, 1000 Скопје

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт

Котизација: 1000 денари

Контакт: 070/585-033, 078/335-957.

Напомена: Пријавувањето можете да го направите до: 22 ри Декември, до 14:00 часот
.

Пријавувањето е задолжително
 

 

Наши едукации