Внатрешна трансформација – справете се со негативните емоции

Во главата ви се ројат безброј негативни мисли, безброј грижи. Можеби сте и болни и не ви е јасно зошто во одреден дел од телото чувствувате болка, а веќе сте ги направиле сите можни испитувања и органски сте здрави. Дали помислувате, како со вашите негативни мисли сте создале анксиозност, страв, вина, срам, бес, повреденост...исплашеност, депресивност, чувство на вина, повреденост, бес, вознемиреност.... Бесни сте кога се случува нешто што ве фрустрира и не го постигнувате тоа што од себе го посакувате. Болката ја предизвикува губитокот некој или на нешто, за што сте длабоко врзани. Стравот и вознемиреноста најчесто се јавуваат заедно. Стравот е предизвикан од вознемиреност и се случува кога ќе запазиме некои реални или потенцијални опасности.

Негативните емоции се проследени со непријатни и болни сензации. Тие имаат деструктино влијание врз вашето здравје, особено ако сте дозволиле да бидат интезивни и во секој момент да ве окупираат. Ако на нив не работите, може да предизвикаат депресија, да ги упропастат односите со блиските, да предизвикаат зависност, финансиски и здраствени проблеми. Изразете го тоа што го чувствувате. Престанете своите негативни емоции да ги сокривате и негирате, бидејќи така мислите дека ќе се зашитите од можните непријатности. Тоа е погрешно. Она што треба да го направите е нив да ги откриете и научите како да ги контролирате. Ние, на нашата работилница:,, Внатрешна трансформација – справете се со негативните емоции“, која ја организира Центар за едукација, советување и личен развој Imago-Self, заедно со м-р Милка Ололоска, психолог-психотерапевт, ќе ви помогнеме да научите како да се справите со вашите негативни емоции во вашето секојдневие.

За да можете полесно да научите како да се справите со негативните емоции, ќе ви понудме:

-конкретни и лесно применливи во пракса техники и вежби 

-ќе одговориме на многу прашања и нејаснотии

-Power Point презентација на темата

За работилницата

На работилницата се формира група од помал број учесници (целта е да се обрне повеќе внимание на секој учесник одделно). На работилницата можете да бидете активен учесник или во улога на пасивен слушател (по личен избор).

Датум: 20.10.2016 (четврток) од 18:30 до 21:00 часот (со вклучена 15мин. пауза)

Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), ул 50-та Дивизија 22, 1000 Скопје

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог-психотерапевт

Цена за присуство: 1000 денари

Задолжително пријавување на тел: 070/585-033; 078/335-957

Пријавување до четврток -20ти Октомври до 14:00 часот.

 

Наши едукации