Од анксиозност и паника до смиреност и хармонија


Се чувствувате АНКСИОЗНО ? Имате чувство како да сте на ивица, напнати сте, испаничени, пренервозни, загрижени дека вам или на некој ваш близок ќе му се случи нешто лошо, а вие тоа нема да можете да го спречите? Заради анксиозноста, чувствувате телесни симптоми како мускулна напнатост, потење, тресење, бледило,чувство на гушење и задишаност, забрзано дишење, чувство на трема, мачнина, дијареа, болки во главата, грбот, несоница,неправилна работа на срцето, кнедла во грлото и потешкотии со голтање, сува уста, слабост и трпки во рацете и нозете.

Имате ПАНИЧНИ НАПАДИ? Не гледате никаква видлива причина за тие да се појават?  Штом се појавиле, почнуваат забрзано да се зацврстуваат, а вие сето тоа не можете да го поднесете? Што доживувате? Интезивен страв проследен со непријатни телесни симптоми  кои не само што се непријатни, туку и дополнително ве плашат, па заклчучувате како ќе умрете, ќе добиете инфаркт, ќе паднете во несвест, ќе се угушите, спобудалите. Мислите како морате да побегнете, за да сето тоа  го спречите. Сте влегле во еден затворен круг. Пред нападот на паника се чувствувате мали, ситни, безпомошни. Ве преплашува мислата дека над ситуацијата што ви се случува, вие немате контрола. Станувате дополнително преплашени. ДОСТА ВИ Е ОД СЕТО ОВА?

Заслужувате да го имате сето она што денес заради анксиозноста  и паниката неможете да го имате како: моќ, слобода, радост, моменти на сегашност, самопчитување, позитвно самовреднување...


Центарот за едукација, личен развој Imago-Self, заедно со м-р Милка Ололоска, психолог – пихотерапевт, на ден 14.10.2017 година (сабота) од 11:00 до13:00 часот во Јавна Соба во Скопје, организира едукативна работилница каде ќе имате  единствена можност, низ практични вежби и техники да дознаете како со вашата анксиозност и паничните напади да се справите. 



На едукативната работилница ќе добиете:
-Сеопфатен пристап за опоравување на  физичко, емотивно, бихевиорално и ментално ниво
-Стратегии  за запирање на анксиозноста  и паничните напади 
-Скала на анксиозност и паничен напад
-Табела на решавање на проблеми





 

За работилницата

Датум на одржување: 14.10.2017 (сабота), 11:00 – 13:00 часот 

Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50 та Дивизија 22, 1000 Скопје

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт

Котизација: 1000 денари

Контакт: 070/585-033, 078/335-957.

Напомена: Сите заинтересирани за учество на оваа работилница, задолжително да се пријават на наведените контакт телефони, најдоцна до 13ти Октомври  (петок) до 20:00 часот
 

 

Наши едукации