Стекни поголема самодоверба


Постојано ве измачуваат негативни мисли, кои свесно не сте ги повикале, а тие  упорно ви се јавуваат независно од вашата волја? Во вас се вгнездуваат и ви го расипуваат расположението,  концентрацијата, мотивацијата и чувството дека врз себе немате контрола? Кога ќе влезете во затворениот круг на негативни мисли секој проблем ви изгледа уште поголем? Но, зошто вашиот ум создава негативни мисли? Заради негативните чувства кои ги имате а не сте ги прифатиле (како на пр. страв, бес,тага, вина, срам, потиштеност, внатрешна вознемиреност...)

Ако имате негативни мисли ќе имате и негативни чувства. Кога умот е негативен, се чувствувате лошо на многу различни начини: лути сте, исплашени, вознемирени, загрижени, беспомошни, депремирани, огорчени, тажни. Се трудите со овие негативни емоции некако на крај да излезете. Почнувате да им се спротиставувате, потиснувате, одбегнувате. Сите овие маневри кои ги правите се погрешни, затоа што ве водат во внатрешна борба самите со себе. Во моментите кога сте под притисок на негативни емоции (анксиозност,потиштеност, лутина,незадоволно и слично...), размислите како кон себе се обраќате, односно какви се вашите мисли. Поставете си го прашањето: „Што јас себе си говорам, па вака се чувствувам?“

Престанете да бегате од вашите негативни мисли. Низ бројни испробани вежби и техники  кои на едукативната работилница ќе ви ги понудиме, ќе научите како негативните мисли  да ги контролирате, со нив да управувате, но  и како да усвоите еден нов и позитивен начин на размислување. Вашите емоции произлегуваат од вашите мисли. Ако ги промените вашите мисли, брзо ќе се јават нови емоции. Емоциите се јавуваат автоматски, несвесно. Тоа значи дека неможете да спречите да не се појават. Но кога тие ќе се јават и вие за нив ќе станете свесни, може да ви помогнеме да научите како врз нив да воспоставите контрола. За таа цел, на  располагање ви се исто така бројни техники, вежби кои досега се покажале како практично успешни. Нив, како и принципите кои треба да ги примените за да остварите контрола врз вашите негативни емоции, може да ги научите на нашата работилница, за истите  подоцна и практично да можете ги примените.

Дојдете на нашата едукативна работилница:,,Справете се со вашите негативни мисли и чувства и научете како успешно да се справите со вашите негативни мисли и чувства.
 

 
 

За работилницата

Датум на одржување: 09.02.2017 (четврток), 18:30 – 20:30 часот

Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50 та Дивизија 22, 1000 Скопје

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт

Котизација: 1000 денари

Контакт: 070/585-033, 078/335-957.

Напомена: Пријавувањето можете да го направите заклучно со деветти Февруари до 14:00 часот
.

Пријавувањето е задолжително
 

 

Наши едукации