Исчистете го вашето внатрешно огледало

Каква е вашата вистинска слика која за себе ја имате? Дали себеси се доживувате онака како што  повеќето други  ве доживуваат? Дали одразот во огледалото ја презентира вашата вистинска слика, или тоа е искривена слика која за себе сте ја создале? Имате проблем кој ве измачува, а другите ви говорат дека сте добра личност и дека имате многу позитивни особини. Но, вие тоа одбивате да го прифатите. Кај себе постојано гледате куп на она што не чини, многу маани и недостатоци. Прегруби сте кон себе и недоволно се сакате. Често себеси не се доживувате такви какви што сте, зошто вашиот ум како искривено огледало ја изобличува сликата која за себе ја имате. Како сето тоа да го промените?  Повелете на нашата работилница: ,, ИСЧИСТЕТЕ ГО ВАШЕТО ВНАТРЕШНО ОГЛЕДАЛО“ (како самите себе да се прифатиме), која ќе се одржи на 1ви Декември во Public Room (Јавна Соба), од 18:30 до 20:30 часот, заедно со м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт. На работилница,  ќе имате единствена можност да научите:

-како да го исчистите вашето внатрешно огледало и да се соочите со вистинската слика за себе
-како со огледалото да разговарате, да креирате позитивна слика за себе и да го елиминирате вашето погрешно и негативно мислење 
-како да ги засилете своите позитивни страни и да ја зголемете свесноста за себе
-како да осознате кои се вашите негативни страни и научите како да ги контролирате и променете 

Заради искривената слика која за себе ја имате, склони сте за себе негативно да говорите и мислите. Донесете одлука дека ќе го промените начинот на мислење, однесување, лошите навики, ограничувачки убедувања. Запршајте се самите, што е она што ве прави задоволни, мирни, среќни? Почнете себеси да се сакате и почитувате, но кога ќе бидете сами со себе, запрашајте се, што е она што ве прави мирни и среќни? Запрашајте се дали за себе ги правите нештата кои би ги направиле за личноста која ја сакате? Вежбајте самодисциплинирање. Престанете себеси да се потценувате и да ги занемарувате своите успеси, сметајќи ги за минорни.  Престанете да се насочувате само на вашите слабости, проблеми, негативности, препреки...
Да, ќе кажете како сето ова и досега ви е познато и мислите дека тоа ништо не менува, зошто вие едноставно сте такви и тука нема што да се направи. Ова е сосема погрешно! Ние ви нудиме начини, методи и техники кои ќе ви помогнат да ја поправите сликата која за себе ја имате. Време е за нов позитивен одраз во огледалото - време е да го прегрнете  своето ново„ јас“.
 

За работилницата

Датум на одржување: 01.12.2016 (четврток) – 18:30 – 20:30 часот

Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50та Дивизија 22, 1000 Скопје

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт

Котизација: 1000 денари

Контакт: 070/585-033, 078/335-957.

Напомена: Пријавувањето можете да го направите до: 1ви Декември, до 14:00 часот
.

Пријавувањето е задолжително
 

 

Наши едукации