Победете го стравот што ве парализира

Страв. Ве блокира, парализира. Ги обојува сите аспекти од вашето живеење. Ви го крои секојдневието. Сте дозволиле да ја превземе целата контрола врз вашиот живот. И во животот ви се исполнил со ограничувања, сопствени репресии, казни, вина, изгубена надеж. Престанавте да живеете во сегашноста. Сега е време на сето ова да му кажете –стоп. Дојдете на едукативна работилница која ја организира Центарот за едукација, советување и личен развој Imago-Self, заедно со м-р Милка Ололоска, психолог-психотерапевт, за да ви помогнеме да научите како од овој парализирачки психолошки страв да се ослободите.

Се чувствувате анксиозно и имате панични напади? Имате фобии? Или имате чувство на нелагодност, грижа, нервоза, напнатост? Страв од успех и неуспех, од потсмевање, од различност? Страв од невклопување во средината, од губиток, од ново, од болес, смрт, од сиромаштија, срам, осуда...

Доста ви е од сето ова? Доста ви е да живеете во страв дека ќе бидете осудувани напаѓани или понижувани? Водени од стравот не се однесувате одговорно, мислите како сѐ е залудно. Стравот ви ја краде јаснотијата на умот, вашата добробитноста. Ви ја менува сликата која за себе ја имате како и чувството на сопствената вредност, самодовербата и самопочитувањето. Го храните, верувајќи му во она што ви го говори, во што ве уверува. Заслужувате да живеет живот ослободен од страв, независно какво и да е лицето на стравот кој го имате.

Заслужувате да го имате сето она што денес заради стравот неможете да го имате како: љубов, моќ, слобода, радост, моменти на сегашност, самопчитување, позитвно самовреднување...

Ние ќе ви помогнеме тоа да го постигнете. Дојдете на нашата едукативна работилница каде со помош на веќе испробани техники, вежби. методи научите како сето тоа да го постигнете.
 

За едукацијата

Датум на одржување: 15.09.2016 (четврток) од 18:30 до 20:30 часот.

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог-психотерапевт.

Цена за присуство: 1000 денари.

Контакт телефони: 070/585-033; 078/335-957. ​

Пријавување до: 15.09.2016 (четврток) до 14:00 часот.

Наши едукации