Расчистете со вашите емотивни рани од минатото


Постојано му се навраќате на вашето болно емотивно искуство, на емотивните рани на кои не им дозволувате да зараснат. Со години влечете  куфер полн со непријатни емоции и жалење за грешките што сте ги направиле, за пропуштените можности, за погрешните избори, за лошите врски... Доста е!  Ви нудиме практични конкретни начини, како да се растеретите од багажот на вашето минато и емотивните рани кои  сте ги здобиле.

Центарот за едукација, советување и личен развој Imago-Self на ден 09.06. 2016 година организира еднодневна работилница од 18 и 30 до 20 и 30 час. Работилницата ќе ја води м-р Милка Ололоска, психолог-психотерапевт.
  
Живејте во сегашноста! Надраснете го своето минато и престанете со вашите мисли постојано да му се враќате. Дозволете да ви помогнеме да расчистете со вашите емотивни болки.  Да ви помогнеме да ги зараснете емотивните рани. Не дозволувајте и денес да го носите товарот од случките кои во минатото ви се случиле и  кои направиле себеси да се доживувате како животен губитник. Не можете да тргнете   во нови победи ако зад себе сеуште ги влечете трагите од изневерените очекувања и разочарувања. Дојдете на нашата едукативна работилница!


За едукацијата

На едукативната работилница се формира ГРУПА составена од помал број учесници. На работилницата, можете да бидете во улога на слушател, или ако сакате може да заземете и активно учество. Во прашање е личен избор. Едукативната работилница не е групна психотерапија. Не се изнесуваат лични, интимни проблеми. На едукативната работилница теоретски, но пред сè практично се стекнувате со нови сознанија во однос на конкретната тема што е поставена.
 
Цена за работилницата: 1.000 ден.

Место на одржување: ул.Смилевска бр.12б  - Скопје
 
Контакт телефони: 070/ 585-033 и 078/335-957

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог-психотерапевт

Пријавување до: 09.06.2016 год.(четврток) до 15:00 час.  

ВАЖНА НАПОМЕНА: Доколку до сега имате земено учество на барем една од нашите работилници, ви нудиме 20 % попуст на цената за учество на оваа работилница!
 

Наши едукации