Расчистете со емотивните рани од минатото

На оваа едукативна работилница ќе ви помогнеме да научите како да се ослободите од багажот на вашето минато и емотивните рани кои сте ги здобиле, а кои сеуште толку многу ве болат. Не дозволувајте со тоа што ги негувате непријатните спомени и ги чувате сите настани кои некогаш ве повредиле, од вас да направат животен губитник....

Во мислите постојано се враќате на вашето минато и по којзнае кој пат го преживувате тоа што ве повредило, а кое и сега ве боли. Врзани сте за искуствата од вашето минато - прекинување на долгогодишна врска, кариера, ситуации во кои некој ве повредил, потсвесно незадоволство, траума, лутина...Тешко ги отпуштате.
 
Постојано им се враќате на вашите болни емотивни искуства. Заглавени сте во вашите емотивни рани и не им дозволувате да зараснат.Товарот на огорченоста кој во себе го носите, со текот на времето станува сè потежок. Жалите за грешките што сте ги направиле. Но, кога постојано ги преиспитувате постапките од минатото и постојано одново ги проживувате болните „ рани“, не им дозволувате да зараснат.

Аветите од минатото ви ја исцрпуваат физичката и ментална сила. Понекогаш е доволна и најмала ситница да ве поттикне на некое непријатно случување, да ги разбуди старите рани и повторно да ги преживеете  истите оние непријатни емоции кои го следеле настанот од минатото. Се присетувате на лошите луѓе кои сте ги сретнувале, лошите претпоставки насоки и заблуди, пропуштени можности... Со години на грб го влечете 
тешкиот багаж од старите непријатни спомени. Ослободете се од ова. Живејте во сегашноста. Симнете го овој багаж кој ви ги сокрива видиците на сегашните моменти.

Дојдете на нашата едукативна работилница која ќе се одржи на ден 06.04.2016 год.(среда) од 18:30-20:30 час. во Центар за едукација, советување и личен развој Imago-Self. Работилницата ќе ја води м-р Милка Ололоска, психолог-психотерапевт.

Ќе ви помогнеме да научите како да се ослободите од багажот на вашето минато и емотивните рани кои сте ги здобиле а кои сеуште толку многу ве болат. Стекнете нови сознанија, создадете нови случувања кои нема да бидат емотивни рани. Не дозволувајте со тоа што ги негувате непријатните спомени и ги чувате сите настани кои некогаш ве повредиле, од вас да направат животен губитник....

Дали сето ова не ви е доволно за да превземете конкретни чекори и да се ослободите од багажот на вашето минато? Заради пропуштените можности или начините на кои во минатото сте биле третирани, денес се чувствувате огорчено, депресивно, вознемирено, анксиозно, со хроничен стрес, замор, несоница, нарушувања во исхраната...

Обидете се во новите односи да не го внесувате емотивниот багаж на фрустрации, изневерени очекувања и разочарувања наталожени во текот на годините наназад.
Не е лесно да се уништат лошите „програми“ од минатото и да се избришат од потсвеста. Неможете да тргнете во нови победи, ако зад себе сеуште ги влечете трагите на поразот.

Надраснете го своето минато. Расчистете со вашите емотивни болки. Нека раните зараснат. Ние ќе ви помогнеме во тоа. Ќе ви помогнеме да научите како во животот треба да повлечете линија, за да видите дека постојат некои краеви и некои почетоци. Треба да стекнете увид до каде се протега вашето минато а каде започнува вашата иднина. Ќе научите како да ги преболите емотивните рани од минатото и како да престанете во вашите мисли да му се враќате.
 

За едукацијата

На едукативната работилница се формира ГРУПА составена од помал број учесници. На работилницата, можете да бидете во улога на слушател, или ако сакате може да заземете и активно учество. Во прашање е личен избор. Едукативната работилница не е групна психотерапија. Не се изнесуваат лични, интимни проблеми. На едукативната работилница теоретски, но пред сè практично се стекнувате со нови сознанија во однос на конкретната тема што е поставена.
 
Цена за работилницата: 1.000 ден.

Место на одржување: ул.Смилевска бр.12б - Скопје - Ѓорче Петров.

Време на одржување:  06.04.2016 год. (среда). од 18:30 до 20:30 час.
 
Контакт телефони: 070/ 585-033 и 078/335-957. 

Пријавување до 06.04.2016 год.(среда) до 14:00 час.
  
 

Наши едукации