Расчистете со емотивните рани и болни спомени од минатото


Постојано се навраќате на вашите болни емотивни искуства? Заглавени сте во вашите емотивни рани и не им дозволувате да зараснат? Врзани сте за искуствата од вашето минато - прекинување на долгогодишна врска, кариера, ситуации во кои некој ве повредил, изневерил, разочарал... Ситуации во кои вие сами себе емотивно сте се раниле. Во вас, вашите стари рани и болни спомени сеуште живеат. Во мислите постојано се навраќате на вашето минато и по којзнае кој пат го преживувате тоа што ве повредило, а кое и сега ве боли. 

Понекогаш е доволна и најмала ситница за да ги разбуди старите спомени и повторно да ги преживеете истите оние непријатни емоции кои го следеле настанот од минатото. Емотивните рани и болните спомени тешко ги отпуштате. Со години на грб го влечете тешкиот багаж од старите непријатни спомени. И овој товар на огорченост со текот на времето станува сè потежок. Жалите за грешките што сте ги направиле. Жалите за пропуштените можности и за начините на кои во минатото сте биле третирани. И денес заради сето тоа, се чувствувате огорчено, депресивно, вознемирено, анксиозно, со хроничен стрес, замор, несоница, нарушувања во исхраната...

Аветите од минатото ви ја исцрпуваат физичката и ментална сила. Ослободете се од  сето ова. Симнете го овој багаж кој ви ги сокрива видиците на сегашните моменти. Не дозволувајте сите оние, луѓе и настани кои некогаш ви нанеле емотивна рана и болка, од вас да направат животен губитник.
 
Дојдете на нашата едукативна работилница која ќе се одржи на ден 03.03.2017 година (петок) од 18:30-20:30 часот, која ја организираат Центар за едукација, советување и личен развој Imago-Self и м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт, за да ви помогнеме да научите како да се ослободите од багажот на болните сеќавања и емотивните рани кои сте ги здобиле, а кои сеуште толку многу ве болат. Ви нудиме испробани техники, вежби, начини со чија помош и примена ќе успеете да го надраснете вашето минато. Ќе ви помогнеме да научите како во животот треба да повлечете линија, за да видите дека постојат некои краеви и некои почетоци. Треба да стекнете увид до каде се протега вашето минато а каде започнува вашата иднина. Ќе научите како да ги преболите емотивните рани и спомени од минатото и како да престанете во вашите мисли, постојано  да им се враќате.

 

За работилницата

Датум на одржување: 03.03.2017 (петок), 18:30 – 20:30 часот

Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50 та Дивизија 22, 1000 Скопје

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт

Котизација: 1000 денари

Контакт: 070/585-033, 078/335-957.

Напомена: Пријавувањето можете да го направите заклучно со 03ти Март до 14:00 часот
.

Пријавувањето е задолжително
 

 

Наши едукации