Ослободи се од товарот на непотребните грижи


Секој ден ти започнува и завршува со зборовите: „што ако....?“ Што ако се разболам , остарам и станам безпомошен? Што ако умрам пред децата да пораснат? Се грижите за сѐ што е во врска со вашиот изглед, годините кои ги имате, партнерот со кого сте (да не ве изневери, напушти, дали ве сака доволно). 

-Загрижени сте што не сте вработени или работата да не ја загубите. 

-Се грижите како од колегите, пријателите да бидете  прифатени. 

-Загрижени сте дека другите ќе ве сакаат само заради вашите пари или дека нема да го направат тоа што кажале дека ќе го направат.

-Загрижени сте за тоа, што другите за вас мислат. За денес ќе кажете дека сѐ било во ред, но што ќе биде утре?

-Се грижите дека сѐ што кажувате е погрешно кажано, разбрано.

-Загрижени сте кога и да треба да направите некаков избор. 

-Загрижени сте толку многу што станувате тажни, плачете или сте под стрес? Ова не е сѐ. Грижите  прават да се чувствувате анксиозно, напнато, вознемирено, незадоволно, во постојано  страшливо исчекување на нешто лошо кое ќе се случи...А вие не можете да си помогнете. Ние сме тука, да ви помогнеме!

На 12ти Април од 18:30 до 20:30 часот, во Јавна Соба во Скопје, се организра еднодневна едукативна работилница, на која ќе имате единствена можност да научите како со грижите да се справите! Ќе научите: 
-како да ги избегнете грижите врзани за  вашата работа, за вашиот приватен живот!
-како да не се грижите за грешките кои сте ги направиле!

Научете ги основните техники за анализа на грижите! Научете како грижите од вашата глава да ги избркате!

Научете ја волшебната формула за отстранување на грижите!

 
 

За работилницата

Датум на одржување: 12.04.2017(среда), 18:30 - 20:30 часот

Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50 та Дивизија 22, 1000 Скопје

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт

Котизација: 800 денари

Контакт: 070/585-033, 078/335-957.

Напомена: Пријавувањето можете да го направите заклучно со 12ти Април до 14:00 часот
.

Пријавувањето е задолжително
 

 

Наши едукации