Справете се со вашиот страв, анксиозност и панични напади

СТРАВОТ станал дел од вашето секојдневие. Ги обојува сите аспекти од вашето живеење. Ве блокираа, парализира и ја превзел целата контрола врз вашиот живот. И животот ви станал: ограничувања, сопствени репресии, казни, вина, изгубена надеж. Страв од успех и неуспех, од потсмевање од различност, од отфрлање ..... Страв од невклопување, од губиток, од болест, смрт, од сиромаштија, срам, осуда...Престанавте да живеете во сегашноста. Сега е време на сето ова да му кажете: ,,СТОП“. Дојдете на нашата едукативна работилница која ја организира Центарот за едукација, советување и личен развој Imago-Self, заедно со м-р Милка Ололоска, психолог –психотерапевт, за да ви помогнеме да научите како од овој парализирачки психолошки страв да се ослободите.

Се чувствувате анксиозно? Имате чувство како да сте на ивица, напнати сте, испаничени, премногу сте нервозни, загрижени дека вам или на некој ваш близок ќе му се случи нешто лошо, а вие тоа нема да можете да го спречите? Преголемата загриженост станала ваше секојдневие? Заради анксиозноста чувствувате телесни симптоми како: мускулна напнатост, потење, тресење, бледило, чувство на гушење и задишаност, забрзано дишење, чувство на трема, мачнина, дијареа, болки во главата, грбот, несоница, неправилна работа на срцето, кнедла во грлото и потешкотии со голтање, сува уста, слабост и трпки во рацете и нозете.

Имате панични напади? Не гледате никаква видлива причина за тие да се појават?  Штом се појавиле, почнуваат забрзано да се зацврстуваат, а вие веќе сето тоа неможете да го поднесете? Што доживувате? Тоа е страв од страв. Сте имале стресен настан, трауматско искуство, хронична исцрпеност, интезивен бес и.т.н. Телесни симптоми кои се јавуваат, не само што се непријатни, туку и дополнително ве плашат, па заклчучувате како ќе умрете, ќе добиете инфаркт, ќе паднете во несвест, ќе се угушите, спобудалите. Мислите како морате да побегнете, за да сето тоа  го спречите. Сте влегле во еден затворен круг. Пред нападот на паника се чувствувате мали, ситни, безпомошни. Ве преплашува мислата дека над ситуацијата што ви се случува, вие немате контрола. Станувате дополнително преплашени.
Доста ви е од сето ова?

Заслужувате да живеет живот ослободен од страв, анксиозност и панични напади. Заслужувсте да го имате сето она што денес заради стравот неможете да го имате како: љубов, моќ, слобода, радост, моменти на сегашност, самопчитување, позитвно самовреднување...

Ние ќе ви помогнеме тоа да го постигнете. Дојдете на нашата едукативна работилница за да низ веќе испробани техники, вежби, методи научите како сето тоа да го постигнете. Работилницата ќе ја води м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт.
 

За работилницата

Датум на одржување: 26.01.2017 (четврток), 18:30 – 20:30 часот

Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50 та Дивизија 22, 1000 Скопје

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт

Котизација: 1000 денари

Контакт: 070/585-033, 078/335-957.

Напомена: Пријавувањето можете да го направите до: 26 ти Јануари, до 14:00 часот
.

Пријавувањето е задолжително
 

 

Наши едукации