Психолошко советување

Кога луѓето ќе се најдат во некои психолошки дилеми, кризи, кога чувствуваат дека самите неможат да ги решат своите емотивни проблеми, или проблемите во некои важни односи, размислуваат за тоа да побараат стручна помош, да се обратат на психолог и со него да се „посоветуваат“. Малкумина знаат како изгледа советодавниот процес. Се прашуваат, дали таму треба да ги изнесат сите свои проблеми, а тој/таа да ви каже како да постапите, како да ги решите. Но, тоа не е така. Иако се вика советување, не добивате „упатство за употреба“, дирекни налози што треба да направите и како да се однесувате. Акцентот се става да ви се помогне подобро себе да се разберете, да откриете што за вас е најдобро и да ги решите проблемите заради кои и сте дошле. Ви се помага во вашата потрага за решавање на некој конкретен проблем од помали размери, потешкотии.
Што е психотерапија и која е користа од неа?

Индивидуалната психотерапија.

Овде, улогата на психотерапевтот е да даде подршка ,да укаже на алтернативите, да ви помогне да ги согледате дисфункционалните обрасци на однеување и да ги замените со функционални.Во процесот на психотерапијата , ја развивате својата личност, се ослободувате од повторувачките и неуспешни начини на носење со животните проблеми, а учите и нови вештини на продуктивно решавање на животните проблеми. Најчестите проблеми кои се треираат со индивидуалната психотерапија се: емотивни проблеми, проблеми во комуникација, анксиозност, панични напади, фобии, депресија, невротични пореметувања, проблеми во партнерските и семејните односи и.т.н.
Партнерската психотерапија. 

Наменета е за парови кои со самостојни напори не наоѓаат адекватен и конструктивен излез од конфликтите, или постои застој во врската, па психотерапевската помош е индикувана во смисол на стручно водење дијалог, со цел промена на дифункционалната состојба во која парот е ,,заглавен“.Се истражува како до тоа дошло и како партнерите дале допринос за таа моментална состојба. Им се помага да разберат што се случува во врската , за секој од нив да открие што може да направи, за заедно да ги решат конфликтите и да ја унапредат врската.Се подучуваат на психолошки алатки кои им помагаат подобро да комуницираат, се разбираат, да си ги прифатат различностите, да ги решат проблемите, па кога ќе влезат во конфликт тоа да го направат на конструктивен начин. Крајната цел е да се воспостави зрел однос на љубов меѓу партнерите со која и двајцата добиваат на квалитет на животот.Најчести проблеми заради кои паровите доаѓаат на психотерапија се: зачестени конфликти, проблеми во комуникација, емотивни потешкотии, недостаток на близина, неверство, развод, недостаток на доверба и почитување, стрес, партнерски кризи, сексуални дисфункции и сл.