Опсесивно - компулсивно нарушување


Имате опсесивни мисли? На памет ви паѓаат некои „чудни“ мисли, заради кои станувате вознемирени (анксиозни), исплашени? Нивното појавување неможете да го спречите? Верувате дека тие се вистинити и заради  нив себе се  доживувате како слаби, лоши и  неодговорни. Компулсивно се однесувате? Како одговор на опсесиите се јавуваат повторувачки, ритуални однесувања - компулзии. Се присилувате себеси нешто да направите за да бидете сигурни дека работата заради која се плашите нема да се случи. На тој начин ја намалувата сопствената напнатост или пак за да  ја намалите напнатоста, ритуално се однесувате.


Доста ви е од:

-КОМПУЛСИВНО МИЕЊЕ РАЦЕ. Имате разработена рутина на компулсивно миење раце, како  на пример потребата рацете да се измијат 5 пати по ред, на еден специфичен начин со користење сапун за дезинфекција. Ако и после миењето раце и понатака мислите како рацете ви се валкани, (постапката ја повторувате многукратно), опседнати  сте со страв од валканост и бактерии, а со тоа и со страв од зараза со разни болести

-ОПСЕСИВНО ЧИСТЕЊЕ и тоа со сложени техники на чистење на домот.  Постојано размислувате за бактерии во домот, па секој ден по неколку часови правите „генералки“ - правосмукалката  ви е друштво, како и разните средства за чистење. И тоа го повторувате и повторувате...

-ПОСТОЈАНО ПРОВЕРУВАЊЕ.  Постојано дома или во канцеларија се враќате да проверите дека релната или плинот се изгаснати, автомобилот и влезната врата заклучени. И тоа го правите по неколку пати во денот, со што си го нарушувате ритамот на секојдневието.

-СМЕТАЊЕ. Преокупирани сте со бројки, со собирање и одземање на секојдневни предмети и настани (на пример верувате како бројот 7 е добар број и како на седмиот чекор мора да застанете). Броите плочки, скалила и тоа од глава неможете да го исфрлите.

-ОРГАНИЗАЦИЈА. Организацијата ја доведувате до совршенство а се сведува на точно темпирање, симетрија и редење (како „под конец“). Уредно биро, но  неможете да работите, ако на него има и мало парче хартија.

-СТРАВ ОД НАСИЛСТВО. Мисли дека некого ќе го повредите, убиете, ќе го турнете од висок спрат, ќе го задавите. Или, дека на вашите блиски ќе им се случи нешто страшно а вие на тоа неможете да престанете да мислите.

-АНАЛИЗИРАЊЕ НА ОДНОСИТЕ СО ДРУГИТЕ ЛУЃЕ. Опсесивно ги анализирате љубовните, семејните, пријателските односи при кое барате потврда и лична вина, иако тоа со реалноста нема врска. Во сите овие релации се чувствувате безпомошно и осудено.

-БАРАЊЕ ПОТВРДА, мислење на пријателите и членовите на семејството, па едно прашање знаете и по 100 пати да го повторите.

-КОМПЛЕКС ЗАРАДИ ФИЗИЧКИОТ ИЗГЛЕД. Се фокусирате на одреден дел од телото кој го сметате за ненормален, непривлечен (коса, нос уши, кожа).

Ако во ова се препознавате, не бидете очајни. Ви нудиме начини, методи, техники кои откако ќе ги осознаете ќе може сами да ги користите и себе да си помогнете.
 

За работилницата

Датум на одржување: 16.03.2017 (четврток), 18:30 – 20:30 часот

Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50 та Дивизија 22, 1000 Скопје

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт

Котизација: 1000 денари

Контакт: 070/585-033, 078/335-957.

Напомена: Пријавувањето можете да го направите заклучно со 16ти Март до 14:00 часот
.

Пријавувањето е задолжително
 

 

Наши едукации