Време е за промена


Денес е денот на почетокот на вашата позитивна промена. Денес немате време за:
- ниска самодоверба и несигурност во себе
- негативни мисли
- потиснати негативни чувства

Центар за едукација, советување и личен развој Imago-Self Self на ден 18.06.2016 од 11 до 14 часот, во просториите на хотел Треф oрганизира едукативна работилница на тема: ,,Време е за промена“. Работилницата ќе ја води м-р Милка Ололоска, психолог-психотерапевт. Ви нудиме испробани техники со чија помош на негативното кое во себе го носите, ќе научите како да му кажете: СТОП!

Ниската самодоверба ве ограничува во вашето севкупно живеење. Се чувствувате неспособни, во себе постојано се сомневате. Не си верувате, не поставувате цели. Чувствувате како да не сте вредни за нечија љубов. Не сте задоволни од сопствениот изглед, работата која ја имате, сликата која за себе ја формирате. За себе негативно размислувате и постојано се критикувате. И секако тоа не е сè. Има уште многу работи заради кои вашата самодоверба е ниска. Променете го сето ова. Ние ќе ви помогнеме да осознаете како да го направите тоа.

Со ниската самодоверба во пакет одат и вашите негативни мисли. Негативните, токсични, незапирливи мисли кои низ умот ви минуваат неконтролирано, ја блокираат вашата среќа, продуктивноста, креативноста... Кога негативните мисли долго време опстојуваат стануваат ваш внатрешен негативен самоговор. Од сето ова треба да се ослободите. 

Научите како да ги освестите вашите потиснати чувства и како со нив да стапите во контакт. Растерете се од емотивен багаж кој со години наназад постојано со себе го ноите, а веќе толку многу ви натежнал. Научите како да ја надминете емотивната болка и како да постигнете емотивна рамнотежа. 

Како сето ова да се постигне? На едукативната работилница ќе ви бидат презентирани практични, едноставни за совладување а притоа и многу моќни методи, техники и вежби, со чија помош ќе научите како да влезете во светот на позитивноста.

 

За едукацијата

На едукативната работилница се формира ГРУПА составена од помал број учесници. На работилницата, можете да бидете во улога на слушател, или ако сакате може да заземете и активно учество. Во прашање е личен избор. Едукативната работилница не е групна психотерапија. Не се изнесуваат лични, интимни проблеми. На едукативната работилница теоретски, но пред сè практично се стекнувате со нови сознанија во однос на конкретната тема што е поставена.
 
Цена за работилницата: 700ден.

Место на одржување: Hotel Treff Bistro, 126 Shirok Sokak,Bitola 
 
Контакт телефони: 070/ 585-033 и 078/335-957

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог-психотерапевт

Пријавување до: 17.06.2016 год.(петок) до 20:00 час.  

 

Наши едукации