Ослободете се од негативните и потиснати емоции


Ве измачуваат негативни емоции? Чувствувате бес, лутина, завист, страв, љубомора, срам, песимизам, тага, вина, самосожалување...? Не ви е јасно зошто во одреден дел од телото чувствувате болка, а веќе сте ги направиле сите можни испитувања и органски сте здрави? Дали помислувате како со вашите негативни мисли сте создале  анксиозност, незадоволство, депресивност, посрамотеност, повреденост, вознемиреност, разочараност...?
 
Негативните емоции  имаат деструктино влијание врз вашето здравје, особено ако сте дозволиле да бидат интезивни и во секој момент да ве окупираат. Ако со нив не се занимавате, може да предизвикаат депресија, да ги упропастат односите со блиските, да предизвикаат зависност, финансиски и здраствени проблеми. Изразете го она кое го чувствувате.  Престанете своите негативни емоции да ги сокривате и негирате зошто  мислите дека така ќе се зашитите од можните непријатности.  Тоа е погрешно.  Тоа што е потребно да го направите е нив да ги откриете и научите како да ги контролирате.

Негативните и непријатни емоции затоа што се плашеле да ги изразите сте ги потиснале. Можеби тоа и сега го правите. Потиснувате и се обидувате да тоа таму остане - во вашата потсвест. Престанете да трошите премногу енергија за да емоциите ги држите потиснати. Ослободете се од нив, за да се ослобоите од болката на вашите  мускули, стомак, дијафрагма... Постојаното чувствувате како во желудникот да имате јазол или стегнато грло. Уморни сте, депресивни без видлива причина. Разговарате за проблеми а не за лични работи и чувства. Однадвор се смееете, додека одвнатре плачете. За своите чувства ретко говорите или тоа го правите со голема тешкотија. Умеете да експлодирате без видлива причина. Потиснатите емоции негативно  влијаат на вашите односи, способности, на самодовербата, самопочитувањето, мотивацијата на сликата која за себе ја имате, на вашето психичко и физичко здравје...

Дојдете на едукативната работилница: ,,Ослободете се од негативните и потиснати емоции“, која на ден 23.03.2017 (четврток), од 18:30 до 20:30 часот во Јавна Соба во Скопје, ја организира Центар за едукација, советување и личен развој Imago-Self, заедно со м-р Милка Ололоска, психолог- психотерапевт за да научите како негативните потиснати емоции да ги препознаете и од нив да се ослободите. Ви нудиме конкретни техники и вежби со чија помош тоа ќе можете да го постигнете. 
 

За работилницата

Датум на одржување: 23.03.2017 (четврток), 18:30 – 20:30 часот

Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50 та Дивизија 22, 1000 Скопје

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт

Котизација: 1000 денари

Контакт: 070/585-033, 078/335-957.

Напомена: Пријавувањето можете да го направите заклучно со 23ти Март до 14:00 часот
.

Пријавувањето е задолжително
 

 

Наши едукации