Наши едукации

Кажете СТОП за стравот и ансиозноста

Заслужувате да живеетe живот ослободен од страв независно какво и да е лицето на стравот кој го имате. 

Тренинг за самодоверба

Сонот наречен висока и здрава самодоверба може да стане Ваша реалност. Не чекајте таа сама по себе да се случи. На неа треба да работите! 

Внатрешна трансформација – справете се со негативните емоции

Во главата ви се ројат безброј негативни мисли, безброј грижи. Можеби сте и болни и не ви е јасно зошто во одреден дел од телото чувствувате болка, а веќе сте ги направиле сите можни испитувања и органски сте здрави. Дали помислувате, како со вашите негативни мисли сте создале анксиозност...

Време е за промена

Денес е денот на почетокот на вашата позитивна промена.
Денес немате време за:
- ниска самодоверба и несигурност во себе
- негативни мисли
- потиснати негативни чувства

Ви нудиме испробани техники со чија помош на негативното кое во себе го носите, ќе научите како да му кажете: СТОП!

Расчистете со вашите емотивни рани од минатото

Постојано му се навраќате на вашето болно емотивно искуство, на емотивните рани на кои не им дозволувате да зараснат. Со години влечете  куфер полн со непријатни емоции и жалење за грешките што сте ги направиле, за пропуштените можности, за погрешните избори, за лошите врски... Доста е!

Победете ги стравот и загриженоста

Стравот кој го чувствувате ве приковува за тлото на просечноста и ве спречува да стигнете таму каде што би сакале да бидете. Научете како стравот да го победите. Научете како да се справите со вашите грижи. Не ви е потребно да бидете„квазипозитивни“и во животот да го  игнорирате сето негативност како  тоа да не постои. 

План за неизбежен животен успех

Ако сте подготвени да креирате живот каков што сакате и заслужувате, дојдете на едукативна работилница: „План за неизбежен животен успех“. Научите како да креирате и постигнете успех и како да поставите здрави животни цели! Остварените соништа ја градат вашата самодоверба и ве прават подготвени за нови предизвици. 

Емотивна пречувствителност и несигурност во себе

Од кога за себе знаете, ви кажувале дека сте емотивно пречувствителни. Сега сте свесни колку сте ранливи, срамежливи, повлечени, скони кон самосожалување и лоша комуникација со другите. Туѓ поглед, збор, движење, однос кон вас…. Сè гледате низ еден „емотивен микроскоп“ и сè на срце си ставате. И постојано кај себе грешки си наоѓате.

Расчистете со емотивните рани од минатото

На оваа едукативна работилница ќе ви помогнеме да научите како да се ослободите од багажот на вашето минато и емотивните рани кои сте ги здобиле, а кои сеуште толку многу ве болат. Не дозволувајте со тоа што ги негувате непријатните спомени и ги чувате сите настани кои некогаш ве повредиле, од вас да направат животен губитник....

Замолчете го внатрешниот критичар – разбудете го внатрешното дете!

Решивте сериозно да работите самите на себе. Решивте подобро да се осознаете и да го откриете сопствениот внатрешен свет. Но, од каде да се започне? Од сликата која пред вас се појавува. Слика на вашиот внатрешен критичар и вашето внатрешното дете. Кој е тој - критичарот?  Кое е тоа - внатрешно дете?.

Ослободете се од вaшите потиснати чувства

Ве обзема емотивна болка. Чувствувате тага, агонија, лутина, анксиозност. Пред вашите болни емоции замижувате. Ги игнорирате, осудувате и против нив се борите. 
Вашите неизразени емоции не умираат. Само ги закопавте, онака живи. Верувајте, подоцна со нив повторно ќе се сретнете.
Вашиот емотивен багаж премногу е тежок. Го носите со себе и под неговата тежина толку многу под него сте свиткани , така што заморот кој го чувствувате. 

Научи да кажеш НЕ

Ти се случува да се сложиш за нешто, без многу размислување? Често? Од страв некого да не повредиш? Или од желба некому да удоволиш? Ти се случува да кажеш ДА ,иако мислиш НЕ? Често? Чувствуваш вина или непријатност кога треба да кажеш ,,НЕ, НЕ САКАМ, НЕ МИ ОДГОВАРА“? 
 

Дали си ти вистинска личност за мене?

Создадете врска која ја заслужувате, независно дали сте: 
во брак и се прашувате како да бидете посреќни.
слободни и се прашувате како да не сретнете уште еден погрешен партнер.
вљубени, па се прашувате дали вашиот партнер е онаа вистинса личост за вас.

Како да си ја зголемите самодовербата

Сакате да се испробате во нови работи, но чувствувате како не сте подготвени? Фантазирате за тоа да работите нешто што сакате, но...не знаете како и од каде да почнете? Се чувствувате несигурно кога треба да направите нешто што никогаш не сте го работеле? Го одложувате почетокот за некои подобри времиња?

Запознајте ја сопствената ранливост

Ве разочарале, сами себе сте се разочарале? Не сте можеле да верувате дека вам ви се случува нешто толку неубаво? Не можете себе да се поврзете со ситуацијата во која сте се нашле,зошто ви се срушил мостот на комуникација меѓу вас и светот.
Справете се, излезете на крај со вашите груби разочарувања