​Негативни самопроценки сигурен начин за одржување негативна слика за себе

Негативните самопроценки се мисли кои се јавуваат во ситуациите кога не успеваме да направие нешто што е во согласност со нашите очекувања и содржат високо ниво на самокритика. На пример, личноста која често говори за себе како требало да направи или да не направи нешто, размислува за себе како за губитник и смета дека никогаш нема ништо да направи како што треба. Со ваквиот начин на размислување, личноста ја одржува негативната слика за себе, чувствува потиштеност, вина, се повлекува во себе, станува пасивна и се откажува од новите можности.

Она што е карактеристично за негативните самопроценки и тоа дека истите се земаат ,,здраво за готово“, како нешто што е сосема во ред. Земањето на ваквите негативни самопроценки ,,здраво за готово“ и високото ниво на самокритика, сигурно не е добар начин да ги поправиме работите. Како да престанете со негативната самопроценка?

За почеток, важно е да ја регистрирате негативната самопроценка на лице место и да ја наречете со вистинското име. Кога во некоја ситуација нема да успеете да го направите тоа што сте очекувале да го направите, обрнете внимание на вашата самопроценка. Запрашајте се: ,,како се проценувам себеси во оваа ситуација“? ,,Дали премногу се самокритикувам?“  Потоа, запрашајте се дали вашите негативни самопроценки за нешто ви служат? Како се чувствувате кога себеси се проценувате на негативен начин? 

Дали се обидувате да ги решавате проблемите или се повлекувате од ситуациите? Кога ќе ја регистрирате својата негативна самопоценка и кога ќе сфатите дека таа ви  носи само штета (чувствво на потиштенот, вина, срам, сакате да се повлечете од ситуацијата и да не го решавате проблемот до крај), преминете на следниот чекор. Следно што е важно да направите е фокусот од себе, да го пренасочите на наоѓање алтернативни начини за решавање на проблемите или сфаќање на ситуациите. Можете да се дистанцирате од ситуацијата, на тој начин што ќе се и поставите прашање: ,,што би предложил/а како решение доколку во иста ситуација би се нашол некој мој пријател? Сигурно нема да критикувате, туку ќе понудите реален и конструктивен начин да се носи со моменталните потешкотии. Исто така, можете да замислите што ќе направи некоја личност на ваше место која нема проблем со негативната слика. На пример, наместо да остане пасивна и да се повлече од ситуацијата, она ќе се бори за тоа што го сака или наместо неуспехот во некоја ситуација да го гледа како доказ за својата неспособност, таа мисли на тоа на кои аспекти би требало да работи за да се подобри ситуацијата. Усвојте алтернативен начин  на размислување и однесување и применете го. Кога тоа ќе го направите и вашите емоции ќе бидат инакви.

Сфатите сè додека премногу критички размислувате за себе и своите способности, ќе се чувстувате лошо. Затоа, променете ги своите навики во размислувањето и бидете си самите себе од корист.
 

Поврзани блог статии