Како се браните од лошата слика за себе?


Кога за себе мислите нешто лошо, дека со вас нешто суштински не е како што треба, тогаш самите се осудувате на чувство на срам. А, кога пак ќе ве зафати срамот, тогаш посегнувате кон различни одбранбени механизми за да може со него се справите. Еве некои од нив:

1. Одрекување. Одрекувате сè што се однесува на вас, а  некој друг би можел тоа да го забележи како негативност. Оттаму бурно реагирате на критика, дефанзивни сте во настапот и нетолерантни спрема туѓите сугестии.

2. Арогантност. Таа може да се изманифестира како величење самите себе, кога себе се ставате во некакви супериорни позиции во однос на другите, па така самите себеси се убедувате дека навистина вредите многу повеќе од другите. Вториот начин е понижување на другите. Тогаш се обидувате кај другите да предизвикате чувство на слабост и некомпетентност. И во двата случаи само сте успеале да немате блиски емотивни односи.

3. Емотивно повлекување. Ова почива на вашиот страв од отфрлање. Емотивно се повлекувате и не стапувате во емотивни односи со други, за тие да неможат да ја „осознат вистината за вас“ и така ве отфрлат.

4.Егоманија. Ова е тенденција самите себе да се ставате во центар на сè. Очекувајќи дека секогаш ќе бидете во центар на внимание и дека другите ќе ви се восхитуваат, се браните од сопствената мисла дека со вас нешто не е како што треба, па со привлекување на туѓото внимание врз себе, се обидувате да се чувствувате подобро во сопствената кожа.

5. Автодеструкција. Кога сте убедени дека не вредите и сте неадекватни, се откажувате од своите цели и себе се саботирате во остварувањето на животните планови. 

6. Компулсивно и зависно однесување во вид на прејадување, употреба на алкохол, дрога, промискуитетно однесување. Тие ви се потребни за да инстант се почувствувате релаксирано. Ова се начини со кои се ослободите од тензијата која е врзана за негативното поимење на самите себе и чувството на срам со кое се борите.

7. Глумење и претерано удоволување на другите. Основата е следна: „мора да бидете она што другите го очекуваат од вас и мора за себе да ја креирате онаа слика која ќе обезбеди на другите да им се допаднете, зошто кога би ја покажале вистинската слика за себе, тие сигурно би ве отфрлиле“.

За да се справите со чувството на срам, а кое е врзано за лошата слика што за себе ја имате, треба да научите како себе безусловно да се прифатите, без да притоа се етикетирате како неадекватни, губитници, имбицилни и сл. Доколку не знаете како со сето ова сами да се справите, ве советуваме да побарате стручна психолошка помош.

Поврзани блог статии