Како да ја прошириш твојата зона на комфорот?

Комфорната зона ни дава можност да живеееме без анксиозност користејќи различни форми на однесување кои не држат надвор од зоната на презвемање ризици. Проблемот од останувањето во оваа пријатна зона е тоа што останувањето може да има големо влијание врз нашиот личен развој, како и на успехот воопшто. Исто така, влијае и на остварувањето на нашите цели.


Како да се прошири комфорната зона?


Идентификувај ги своите стравови!
Доколку навистина сакаш да ја оставиш својата зона на комфорот зад себе, потребно е да ги идентификуваш своите стравови, бидејќи тие се главната причина за воспоставувањето на ваквата комфорна зона. Може да биде од голема помош,  доколку знаеш дека поголемит број до стравовите се сосема непотребни и делуваат контрапродуктивно. 


Соочисе со стравовите
Нормална работа е да се чувствува страв за работите кои не ни се познати. Но, доколку навистина сакаш да успееш и за да можеш  да ја прошириш твојата зона на комфорот, потребно е да се соочиш со стравовите кои те држат во таа комфорна зона. Најдобриот начин да се избориш со нешто што те плаши е да се соочиш со него.


Превземи акција
Заглавеноста во комфорната зона, може да биде избегната единствено преку постојано одење напред и превземање акција. Ова може да биде постигнато само со проширување на твоите лични граници, што биле пречки за тебе во минатото. Доколку постојано се обидуваш да ги прошириш твоите лични граници, ќе забележиш дека можеш да ја прошириш твојата зона на комфорот во голема мера.

Одбегни ги навиките кои те ,,држат заглавен“
Навиките може да бидат причина да бидеш заглавен во комфорната зона и без да забележиш. Ова се случува дури и кај луѓето кои знаат како да ја прошират својата зона на комфорот. Затоа, треба да бидеш свесен и да ги одбегнеш навиките кои те држат заглавен во твојата зона на комфорот. Наместо такви навики, потребно е да направиш чекор, односно да превземеш акција која е поразлична од твоите дневни навики и рутина.
Секогаш запомни дека можеш да превземаш ризици и соодветно да одговориш на предизвиците.