Да се размислува позитивно може да биде доста комплицирано. Читаме книги за самопомош, гледаме видеа, насекаде се акцентира значењето и важноста на позитивното размислување. Но, никаде не добиваме некакви упатства, насоки како тоа да го направиме.
Сите сакаат да бидат позитивни и инспирирани, но понекогаш негативните околности или луѓето напросто не гушат. Наједноставно е да се каже дека е потребно да се биде позитивен, но секогаш останува прашањето како да се направи тоа, кога негативните мисли доминираат. Како да се биде позитивен, кога околностите се негативни како да се избориш со внатрешното нерасположение и паника, со комплицираните проблеми?
Возможно е да се направи промена, меѓутоа потребно е да се знае стратегијата. Потребно е да се стекне подобро знаење за себе, за своите ментални техники, кои можат да помогнат. Секако, тоа е пат кој што е бескраен и кој се учи целиот живот. Меѓутоа без познавање на основните техники неможе да се напредува. Пресудно е да сфатиме дека ние имаме моќ да одбереме што ќе мислиме....Никој неможе да не натера да го мислиме тоа што не го сакаме. Тоа е потполно под наша контрола. Можеби ви се чини дека другите и тоа како имаат влијание на вашето негативно размилување. Вистината е дека вие самите го избирате да го мислите тоа што го мислите, вие самите одлучувате да го одржувате вашиот ментален фокус таму каде што го имате. Доколку сте решиле да размислувате за нешто друго, тоа исто така е во ваша моќ.
Вие имате можност со својата волја да ги промените вашите мисли. Вие одлучувате за што ќе размислувате и какви одлуки ќе носите. Вие одлучувате во што ќе верувате. Одлуките за тоа во што ќе верувате и какви одлуки ќе носите, потполно имаат влијание на обликувањето на вашиот живот, а со самото тоа и вашата судбина.Невозможно е во потполност да се влијае на надворешните околности. Состојбите во животот често доаѓаат самите од себе, носејќи ни нови пречки и предизвици.
Сепак, постои еден свет над кој имаме потполна контрола, а тоа е нашиот ВНАТРЕШЕН СВЕТ. Ние неможеме да одбереме што ќе ни се случи, меѓутоа избираме КАКОВ СТАВ ќе завземеме кон сето тоа што ни се случува. Ние можеме да избереме како да се претставиме во една иста ситуација на 2 начини - на начинот кој нас не унапредува и ни дава сила и снага или на начинот кој не обесхрабрува, плаши, или разочарува. Тоа е потполно во наши раце.