Начини на решавање конфликти


Начините кои може да ви помогнат во решавањето на вашите конфликти, се:

1. ПРОМИСЛЕНОСТ- која што може да биде вербална, но и да остане во вас.Таа подразбира:

а. Признавање на сопствените чувства, кое што признание сами на себе, или на другите ќе им го дадете. Доколку е во прашање тензија, тага, незадоволство, не ги потиснувајте - признајте си дека ги имате и на нив поработите, бидејќи  во спротивно, долго ќе останете незадоволни и без контакт со своите базични чувства;

б. Наоѓање алтернативи. Кога сте во внатрешен конфликт, немојте да  се гушите со негативни чувства. Наместо тоа, размислите на кои начини може конфликтот да го решите, бидејќи секогаш постојат повеќе решенија;

в. Земање во предвид на вашите блиски. Конфликтот колку и да ви е внатрешен, тој е поврзан  со други, па нив мора да ги имате во предвид, бидејќи во спротивно тој нема среќно да се реши ни за вас, ни за другите;

2. ДОГОВОР - кој може да го сочинете во вас, како договор помеѓу два спротивни ставови, или како договор со други. Тој подразбира да ги разгледате следниве елементи:

а. Изнаоѓање приоритети (кариера, или деца, другар или финансии). Битно е да не ги мешате поимите и да не побегнете од конфликтот, бидејќи така само себе ќе се залажете;

б. Компромис, кој подразбира малку да добиете, но и малку да изгубите, особено да изгубите заради вашата идна среќа. На пример, ако со партнерот имате различни желби, не мора неминовно да доаѓа до кавги. Ќе ви помогне компромисот кој ќе биде базиран на приоритети, на складни решенија;

в. Помирување и тоа на двете спротиставени страни, за што ќе ви треба и многу време и многу труд; 

Конфликтите се базично внатрешни, но може да станат и надворешни. Опишаниве техники, исто така се базично внатрешни и се однесуваат на подготовките за соочување со конфликтот.Вие сте личност која најпрво самата со себе треба да промисли, да се договори, себеси да си ги признае желбите и приоритетите. Во идеални услови, во складни меѓучовечки односи, сѐ може да се оствари глатко, што  во реалноста така и не е. Честопати, другата страна и не сака така лесно да ги прифати вашите ставови, туку сака да ви ги наметне своите. Тогаш се случуваат вистински меѓучовечки конфликти, кои бараат поседување на вештина на слушање и преговарање. Колку конфликтот е поблизок до кулминација, толку ќе ви требаат повеќе вештини за реашавање на конфликтот, за да не само  не се „скршите“, туку и да успеете да бидете конструктивни. 
 

Поврзани блог статии