Како да ги контролирате емоциите?


Нашиот ум има пристап до личната библиотека од десетици илјади касети. Тие ги содржат нашите верувања, ставови, планови, очекувања......Сите нови ситуаци од вашиот живот, си ги објаснувате или од позитивна, или од негативна перспектива на вашето размислување. Информациите кои ги чувате во вашиот ум, а кои подоцна ги репродуцирате, може да бидат позитивни или негативни, вистинити или лажни, конструктивни или уништувачки.

Вашата емотивна состојба дирекно ја отсликува состојбата на вашите мисли. Ако настанот е губиток или разочарување, може да подигне уште цела една лавина на негативни чувства. Постои едно погрешно размислување и тоа изгледа вака: вие неможете да ги контролирате случувањата во својот живот, што би значело дека вашите чувства се контролирани од случувањата, што пак би значело дека немате избор. Но, не е така. Случувањата, настаните не влијаат на вашите чувства, туку вие со вашиот начин на кој настанот го толкувате, така сами на себе си наметнувате одредени мисли.

1. Настанот се случил, вие го примате и на својот ум му го објаснувате.

2. Почнувате да размислувате и самите на себе да си говорите.

3. Вашиот став по повод настанот добива своја форма.

4. Се будат вашите чувства било како позитивни, било како негативни.

Многу е важно негативните мисли, да ги трансформирате во позитивни. Како се прави тоа? Многу е важно да се откријат лажните мисли како на пример: ,,не заслужувам да сум среќен/на“,  „никогаш нема да се сменам“... И вие, како впрочем и сите ние, имаме болни чувства во однос на некои грешки, кои во животот сме ги направиле. Во вашиот ум, тие негативности често се предимензионирани, пренагласени и во вашето размислување го завземаат централното место, стануваат најважна тема.

Така, кога сега делувате, тие стануваат главна одредница, главен фактор за тоа какви чувства ќе имате, какви реакции ќе покажувате, какви одлуки ќе носите и слично. Слободата по која сите копнееме ќе ни биде достапна, онолку колку сакаме и колку сме способни вистината за себе да ја прифатиме, било таа да е позитивна или негативна.
 
Еве една техника за репрограмирање на мислите:

1. На прво место се чувствата. На пример, говорите како „се чувствувам грозно и денот ми е уништен“. Окријте ги вашите чувства и запишете ги.
 
2. На второ место е настанот кој ги поттикнал тие чувства. На пример, „ме фатија како поминувам на црвено светло“. Откријте го настанот кој ги покренал вашите чувства и запишете го.

3. Си говорите себеси : „баш сум глупав/а, како можеше ова да ми се случи, може дозволата да ја изгубам“. Запишете што сѐ себе си кажувате.

4. Поправете го своето  размислување. „Заслужив да бидам фатен/а, ама тоа на секој може да му се случи“.  Rазмислете кои ваши мисли се реални, а кои не се. Запишете ги новите мисли. 

5. Корегирано размислување. „Јас сум разочаран/а...... но, не е крај на светот. Ќе се поправам и одам понатака“. Откријте го своето изменето и позитивно мислење и запишете го. 
 

Поврзани блог статии