Каква е релацијата помеѓу вашите мисли и чувства?


Мислите можат да ги менуваат чувстватат на различни начини. Се случува мислите чувствата да ги потиснат, обезвреднат, намалат или да ги воздигнат, потенцираат, предеимензионираат. Оваа способност е резулат на постојаната мисловна активност, со која се врши анализирање, сложување, разложување, интерпретирање.

Умот сака да води и тешко се снаоѓа во ситуаци, кои не ги разбира и во кои нема контрола. А тоа се оние ситуации во кои чувствата можат сосема слободно да се доживеат, што значи дека во тие моменти, тие не се под дирекна контрола на мислите. Кога правите обиди преку вашите мисли да ги запознаете, сфатите, опфатите или да го исконтролирате тоа што го чувствувате, како производ на сето тоа ќе забележите дека ви се појавило страв, несигурност или желба, очекување....Тогаш во главата ви се вртат различни сценарија, приказни, толкувања. Но, тоа  не се реални содржини. Тоа се само ваши навики на такви одредени начини да го објаснувате тоа што го доживувате.

Како во контекс на сево ова стои љубовта? Љубовта, никој не може да ја третира како производ на неговиот ум, а пак од друга страна истата таа има и голема смисла. Чувството дека сакате и сте сакани, меѓу другото прави да се чувствувате внатрешно ускладени, смирени. Оттаму, многумина размислуваат како сопственото срце и срцето на оној другиот да ги натераат да сакаат. Веруваме дека вложуваат голем напор да го постигна тоа, затоа што не сакаат да бидат дел од оние кои остануваат заедно од многу причини (деца, финансии, години, страв од осаменост...), а притоа нивното срце останало затворено. И не само што е затворено, туку и прави да се чувствуваат болно осамено и тоа да го доживуваат многу поинтезивно во споредба со оние другите кои навистина се сами, а на кои  љубовта може, но и не мора да им недостасува. Но, не терајте го разумот да ви ја открива љубовта. Таа, му припаѓа на вашето срце. Знам, дека ова го знаете, но прашање е зошто сте го заборавиле?

За волја на вистината и љубовта како и другите емоции, мислите може да ги водат во состојба на минус, што е одбранбена реакција на мозокот, кога со намалување на вредноста на чувствата сака да ве поштеди од разочарувања и болка. Или, може да ги води во состојба на плус, која е идеализирачка реакција со која се пренагласуваат или погрешно се интерпретираат одредени емотивни знаци. И во двата случаја, умот не работел во ваша корист. Во првиот, ви ја одземал убавината на доживувањата, во вториот продуцирал нереални очекувања.

Ќе знаете дали вашиот ум работи за вашето срце, тогаш кога тој ќе дозволи вашите вистински чувства да се развијат до мерка во која нема да ги менува, да им додава или да им одзема од нивното значење. 

Поврзани блог статии