Ослободете се од самокритиката и негативното размислување

Самокритикувањето и малата самодоверба, влијаат врз многу аспекти од вашиот живот – врските, работата, здравјето. Промената на начинот на размислување, може во голем степен да го зголеми нивото на вашата самодоверба. Еве неколку чекори кои ќе ви помогнат да ја зајакнете својата самодоверба. Сè што ви е потребно е упорност и  желба за промена.

Чекор 1
Следете ги и освестете ги своите мисли – можеби не сте ни свесни колку негативно размислувате. Во овој прв чекор само следете ги своите мисли во текот на денот, како би можеле да заклучите дали дали имате поголем број мисли со негативен или позитивен предзнак и дали се тие обележани со страв во било кој негов облик. Особено следете ги вашите ирационални мисли кои го пренагласуваат проблемот и немаат втемеленост во реалните животни ситуации.

Чекор 2
Следете ја промената на телото – следете го внимателно кога вашите мисли преминуваат во негативни. Негативните мисли често предизвикуваат физичка или емотивна реакција или пак промена во однесувањето. Физичките реакции може да се јават во вид на грчење на мускулите, болки во рамениците или вратот, забрзано работење на срцето, проблеми со желудникот, зголемено потење или потешкотии со спиењето.
Емотивните реакции ги вклучуваат проблемите со концентрацијата, ансксиозност, лутина, тага, нервоза, чувство на вина или загриженост.
Промените во однесувањето вклучуваат пренајадување, избегнување на обврските, прекумерно работење, опсесивност во врските, постојаното обвинување други за своите проблеми, итн.

Чекор3
Препозајте ги обрасците кои ги повторувате со години – постојат обрасци кои ви покажуваат дека мислите негативно, дека имате значајни проблеми со самодовербата, иако можеби за нив не сте ни свесни. Еве на кои начин можете да ги препознаете тие обрасци:

-Црно белото размислување е сигурен знак дека имате проблем со самодовербата  (на пример: ,,ако не успејам да ја завршам оваа задача – само ќе се потврди дека сум целосен промашај“)

-Ја гледате само негативната страна на личноста или ситуацијата (на пирмер: ,,задачата е премногу тешка и сите се против мене, така што сигурно нема да успеам.“)

-Склони сте своите успеси да ги претворите во неуспеси (на пример: ,,ова успеав да го направам, само затоа што се работи за лесна задача.“) 

-Носите негативен заклучок врз база на премалку докази (на пример: ,,пријателот не ми одговори на пораката. Сигурно е лут на мене“.)


Чекор 4. Променете ги вашите мисли и убедувања! Еднаш откако ќе го препознаете негативното размислување кое ве ограничува да го остварите полниот капацитет на своите способности - време е полека да почнете од нив да се ослободувате. Пронајдете конструктивни начини како би можеле негативното да го претворите во позитивно и на тој начин да се стекнете со поголема самодоверба. Потребно е и време и голем труд за да се научи како да се избегнат вознемирувачките мисли, со оглед на тоа дека истите најчесто се јавуваат спонтано и автоматски и тешко може да се контролираат. Но, постојат некои стратегии кои можат да ви помогнат:

- Позитивни автосугестии – однесувајте се кон себеси со почитување и љубезност во што најмногу ќе ви помогнат и позитивните сугестии (на пример: ,,јас го можам тоа“, ,,знам дека можам да се носам со таа ситуација“, ,,јас сум вредна личност“!)

- Опростете си самите на себе – секој од нас прави грешки и човечки е да се греши. Опростете си за сите грешки кои сте ги направиле заедно со оние кои ќе ги правите во иднина и престанете со чувството на грижа на совест еднаш за секогаш.

- Избегнувајте МОРАМ во своите изјави – попрво користете ОДБИРАМ. Одбирам и јавува на вашата потсвест дека не сте жртва на околностите, тулу оној кој управува со својата судбина.


- Сконцентрирајте се на позитивното – запрашајте се: ,,што добро направив во последно време“? Или: ,,кои се моите позитивни особини кои ми требаат за извршување на задачата“?

- Имајте позитивен однос кон негативните мисли – наместо да ги одбегнувате негативните мисли, попрво освестете ги и запрашајте се: ,,зошто на тоа сега помислив“? ,,Постои ли реална втемеленост за оваа мисла“? Охрабрете се и признајте дека сте на добар пат дури и со самото позитивно размислување за своите проблеми. .

И на крај – Дајте си доволно време. Доколку целиот свој живот сте усвојувале негативни мисли  и обрасци на однесување, илузорно е да очекувате дека ќе ги промените преку ноќ. Дајте си време, бидете љубезни кон себе и наградете се за секој чекор на овој долготраен пат.