Анксиозна чувствителност

Дали  ве плаши забрзаната работа на срцето, или можеби главоболките? Помислувате како со вашиот ум нешто не е во ред кога не можете да се концентрирате или сте вознемирени?
 
Често се грижите дека другите ќе ја забележат вашата анксиозност во одредени ситуации и дека ќе се посрамотите? Сето ова се симптоми на анксиозна чувствителност. Оваа чувствителност се однесува на страв од симптомите на тескобност, кој се темели на верување дека тие симптоми имаат штетни физички, психолошки и социјални последици.

Кога страдате од анксиозна чувствителност, забрзаната работа на срцето ќе ја протолкувате како знак за срцев удар кој претстои, односно грчевите во стомакот како знак за итна хируршка интервенција. Физички здрава личност која има  вакви погрешни интерпретации, со сигурност може да се претпостави дека ќе доживее поголема анксиозност, што ќе предизвика посилно чукање на срцето и така ќе се најде во затворен круг кој потенцијално ја води во паничен напад.
 
Анксиозната чувствителност е поврзана и со појавата на панично пореметување, пореметување на прилагодување, пост-трауматско стресно пореметување, чувствителност на болка и неколку други психички пореметувања и има значајна улога во начинот на носење со стресот. Од таму ако сакате да знаете како би се носеле со стресот покрај интерпретацијата на стресорот, битно е да знаете што мислите дека  може да ви се случи како последица на појава на симптомите на анксиозност и стрес. Ако имате ниска анксиозна чувствителност ќе можете многу работи да поднесете во споредба со личност која има висока изразена чувствителност.
 
Доколку сте се препознале како личност со висока анксиозна чувствителност, не сте осудени на страв. Многу е важно, барем мал дел од денот да му посветите на опуштање и да ја забележите поврзаноста која оваа чувствителност  ја има  во однос на  изразувањето на вашето доживување на страв. На секој може да му се случи забрзано чукање на срцето, но колку луѓе навистина познавате кои заради тоа оболело од срцев удар? Ако се грижите околу тоа дека околината негативно ќе ја вреднува појавата на вашиот страв, сетете се дека вашата илузија за случувањата над кои сте стрепеле, секогааш била поголема од реалноста, од реалниот исход.

Ако сами не умеете да се справите со анксиозната чувствителност, односно потребна ви е стручна психолошка помош, ве советуваме да се консултирате со психотерапевт.
 

Поврзани блог статии