Паничен напад - ах тие мои мисли!

Паничниот напад е една посебна состојба која е поврзана со анксиозноста, но на еден посебен начин, различен од другите. Негово главно обележје е што се јавува ненадејно, без никакви видливи знаци кои би упатиле на неговото појавување. Врз вас влијае емотивно загрозувачки, така што за време на нападот се чувствувате целосно онеспособено.

КАКО НАСТАНУВА НАПАДОТ НА ПАНИКА? Когнитивно бихевиоралната терапија (РЕБТ И КБТ) тоа вака го објаснува: еднаш, кога без никаква видлива причина сте ја почувствувале анксиозноста, сте изградиле анксиозен став спрема потенцијалните идни епизоди на анксиозност. Во овој случај, мислите нешто како: „би било грозно повторно да имам анксиозност“. А, токму таквите мисли во неа ве водат. На наредното ниво, веќе почнувате дека станувате анксиозни и тоа го забележувате. Сега мислите нешто како во стил:„ова навистина е грозно, страшно, сега веќе сум анксиозен“. Ваквото мислење ве води до зголемена анксиозност која е иницијална каписла за следнава мисла:„о не, сега ја губам контролата, што ако се онесвестам, или се испаничам и добијам срцев или мозочен удар, или да почнам да се однесувам целосно лудо. Тоа е ужасно“. На овој начин, анксиозноста повторно е зголемена, што води до уште подрастични анксиозни мисли и така во круг. Битно е да разберете дека сето ова се одвива многу брзо и дека вие како и во најголем број случаи не сте во можност да ги следите сопствените мисли кои предизвикуваат напад на паника.

За да си помогнете себе си, да престанете да ги одбегнувате сите ситуации во кои би можело да се почувствувате анксиозно, треба да научите како да го препознаете и да го смените вашиот анксиозен став,о дносно вашето мислење, кое е ирационално и самопоразувачко.

За почеток, почнете да правите разлика меѓу непријатно и неподносливо. Анксиозноста ниту е крај на светот, ниту некој од неа умрел. Таа е непријатна, понекогаш и болна, но не е неподнослива, освен ако така вие не ја дефинирате. Нејзиното одредување како непријатна направете го токму во сите ситуации кога ќе почувствувате како анксиозноста почнува да се јавува. Тогаш, наместо самите на себе да си го повторувате добро познатиот текст дека тоа е нешто ужасно што вие не можете да го поднесете, обидете се сами на себе да си кажете дека тоа е непријатно, лошо, но дека реално не ви се заканува никаква вистинска опасност.

 

Поврзани блог статии