Вие и сликата за себе што детето ја гради


Дали знаете какви способности и вештини имате, на кои можете да бидете горди? Дали знаете, како тие да ги покажете и искористите и дали знаете, како треба самите себе да се заложите за да го добиете тоа што го заслужувате? Ако сте одговориле потврдно, вие не само што ги имате сите предуслови да почувствувате среќа, задоволство и успех, туку и таква порака му испраќате на вашето дете, на неговиот пат на градењето позитивна слика за себе. Не плашете се, дека на овој начин ќе станете некритични.

За разлика од вас, постојат родители, кои не само што не го поттикнуваат, туку на детето и му го и го отежнуваат градењето позитивна слика за себе. Еве, неколку типови на родителски однесувања, со кои се отежнува ваквиот процес:

Никогаш не сте задоволни. Детето сосема добро слуша, што неговата околина говори за него. На почеток сите некритички го фалите, му се восхитувате, а потоа тоа со време ќе исчезне. Подоцна кога ќе пораснат, стануваат сконцентрирани на тоа што не е добро, а тоа што е добро, почнувате да го подразбирате. Детето тогаш започнува да развива чувство дека никогаш не е добро. И тогаш, започнува трката со никогаш незадоволната околина. Дали се сеќавате на ваквите реченици: „браво, си добил оцена 4. Но, не можеше ли да биде и подобро?“ Веруваме, дека се водите со најдобри намери, детето да го поттикнете да напредува, но, на овој начин вие всушност му пренесувате порака, дека тоа што го постигнalo не е доволно добро. Така детето ја губи можноста за вистинско и потполно чувство на успех.

Некритични сте. Го убедувате детето, кое на пример на лицето има акни и кое истакнува како лошо изгледа, дека тоа не се гледа и дека тоа е најубаво? Грешка. Детето, тогаш сфаќа дека не му ја говорите вистината и дека ги намалувате неговите проблеми. Набрзо, престанува да верува во сите комплименти кои искрено ќе му ги упатите.

Претерана заштита. Немојте, за да го заштитите своето дете, вие да му ги извршувате обврските. Пораките кои детето ги прима се следни: „не ми  веруваат ,дека јас можам тоа да го направам. Јас не сум доволно добар. Ниедна друга оценка освен 5 не е добра. Jaс не морам да се трудам, зошто родителите и самите тоа ќе го направат“. Дете кое не доживеало неуспех, зошто родителите го презаштитиле (му ја напишале домашната, оправдале изостанувањата и сл), нема да знае како да се носи со неуспехот и нема да бидат упорно повторно да се соочи со истите предизвици.

Критикување. Внимавајте што ви „излетува“ да кажете кога сте лути. Ова, негативно делува врз детето и го загрозува развојот на неговата самодоверба.Примери: „ти никогаш ништо добро не знаеш да направиш. Од тебе никогаш ништо нема да биде“.

Изостанок на пофалба. Сосема погрешно е да бидете убедени, дека детето не треба да го фалите, за да не го ,,расипете“. Ако го истакнувате само негативното, детето ќе го усвои како дел од својот идентитет. Всушност, на тој начин само сте го поттикнале така да почне да се однесува.

Поврзани блог статии