Кога се чувствувате неодлучно


Кога и да треба да донесете некаква одлука или да направите некаков избор, може да постои доза на несигурност. Случаите во кои вистинскиот избор е целосно очигледен и кога може да одлучите без двоумење, се многу ретки. Постојат многу одлуки кои ги носите секојдневно и автоматски. Тоа е благодарение на вашето претходното искуство, кога истите биле доволно број пати повторувани и биле испитувани можните опции. Во сите други  ситуации, при носењето на одлука за избор на една од повеќето опции, мора да се носите со ризикот да одлуката може да биде и погрешна и мора да прифатите извесна доза на неизвесност. Во спротивно, ќе се соочите со вашата неодлучност.

Неодлучноста е неспособност да се прифатат фактите, што и да работите, никогаш во целост не можете да бидете сигурни во крајните исходи. Зошто на некои луѓе им е многу тешко да ја прифатат неизвесноста, па стануваат хронично неодлучни? Заради нивниот страв од погрешен избор и нивната ниска толеранција на неизвесноста. Сето ова е проследено и со наплив од многу негативни чувства, особено анксиозност и фрустрации. 

Кога се открива дека имате проблем со вашата одлучност?  Релативно доцна и тоа најчесто кога ќе се најдете пред некои животни избори како кариера, партнер. Кога во такви ситуации ќе бидете неодлучни да донесете важна одлука, најверојатно ќе станете депресивни и ќе се повлечете.

Постојат некои  неврози кои со себе често го повлекуваат овој проблем. Депресијата е една од нив, затоа што негативните чувства влијаат на рационалното мислење и на личноста и станува тешко да проценува и да донесува одлуки. Опсесивно компулсивното пореметување е тесно врзано со неодлучноста, кога на личноста и најмалиот избор што треба да го направи,може да и стане ноќна мора. Познато е дека таквите личности имаат тенденција како врз себе, така и врз другите да вршат притисок, дека никако не смее да дојде до било каква грешка. Бидејќи е невозможно постојано да се носат само исправни одлуки и да се не направи ниту една грешка, нивниот секојдневен живот е исполнет со разочарувања и незадоволства. Неодлучноста станува евидентна и во ситуации кога сте во некаков несекојдневен, интезивен стрес.

Доколку имате непријатност, затоа што моментално неможете да направите некаков избор, не стравувајте од тоа. Но, доколку неодлучноста ви е траен процес, а самиот процес на носење одлука е многу тежок, дури и невозможен, имате сериозен проблем.

Поврзани блог статии