Кога ве обзема чувство на несигурност

 
Несигурни сте, уверени дека другите знаат многу повеќе од вас. И премногу држите до туѓото мислење. На прослави, состаноци и други собири исплашени сте да не кажете нешто или направите нешто погрешно, па не се осудувате да кажете ни збор. Веќе ви станало навика, врз себе да ја превземате целата вина на овој свет, се сметате за неспособни да ги остварите своите животни цели и редовно го потценувате својот потенцијал и можности.

Ви недостасува самодоверба. Всушност, негативниот став кон себе ви ја нагризува самодовербата. 
Добро размислете. Точно е дека има ситуации во кои ќе ви користи туѓото мислење, но зошто мислите дека другите знаат подобро од вас? Колку пати сте се увериле дека сте погрешиле, слушајки ги туѓите совети, а самите сте имале многу подобро решение? 
 
Во што е вашиот проблем? Кога имате помала самодоверба, станувате хронично несигурни и постојано се сомневате во себе и своите квалитети. Исклучиво сте концентрирани на своите неуспеси, при што заборавате на своите добри животни потези кои сте ги направиле. Не им верувате ни на комплиментите кои од другите ги добивате, страдате од недостаток на енергија и присутни се и депресивни кризи. Не зрачите со позитивна енергија, па околината започнува брзо да ве одбегнува. Кога ви недостасува самодоверба, имате чувство на помала вредност со што е отворена вратата на многу деструктивни емоции, како што е претерана загриженост, бес и љубомора.

Не е лесно да се ослободите од својата несигурност, која многу често ве спречува да ги исполните своите желби и притоа да се придржувате до самопоставените ограничувања. Станува збор за една погрешна перцепција. Кога сте несигурни, освен што мислите дека сте неспособни, уверени сте дека не сте достојни да бидете среќни. Низ животот се движите убедени дека другите ве сметаат за неспособни или неуспешни. Како резултат на тоа, ја губите сопствената моќ и независно каква одлука и да донесете, или по било кој пат да тргнете, ќе мислите дека сте погрешиле.

Доколку кај вас се појави чувство на несигурност, прво треба да го пронајдете и да го разберете нејзиниот извор. Ако на пример, родителите како дете често ве критикувале, тешко дека ќе имате доволно сигурност во своите постапки и како возрасна личност. Или ако секогаш кога и да се најдете во некоја непријатна ситуација се повлекувате, несигурноста ќе порасне. Откога ќе го откриете изворот на несигурност, сконцентрирајте се врз себе. Кога и да совладате некоја тешка ситуација, сте донеле тешка одлука или извршите некоја задача, ќе бидете посилни.

Несигурноста, не е објективно чувство. Таа е емотивна интерпретација на вашата вредност, втемелена на потсвесните стравови, срам, или сомневање. Кога ќе ги совладате овие емоции кои се кријат во рамките на несигурноста, ќе бидете способни да постигнете многу повеќе од она што го мислите дека го можете.

Несигурноста често потекнува од преголемите очекувања. Ако кон себе сте престроги, тешко дека ќе се цените и ќе станете несигурни во себе и своите квалитети.
 
Престанете другите да ги критикувате. Кога другите ги осудувате, тоа го правите заради сопствената несигурност, за подобро да се чувствувате, а всушност сами себе си се понижувате и ја покажувате својата несигурност во себе.

Поврзани блог статии