Ниска самодоверба


Вашата самодоверба се развива во текот на целиот живот. Сликата за себе ја градите низ вашите искуства со другите и активноста со која што се занимавате. Вашите успеси и неуспеси, начинот на кој ве третираат членовите на семејство, професорите, колегите, пријателите влијае врз креирањето на нивото на вашата самодоверба. 

Но, основата на самодовербата сте ја стекнале во детството. Ако подоцна имате ниска самодоверва, најверојатно како дете постојано ве критикувале, ви викале, а и тепале. Сте биле игнорирани, запоставени, а можеби и размазени. Од вас, очекувале да бидете совршени во секоја ситуација.

Сте доживувале неуспех во училиште или во спортските активности. Неуспехот во игра, лошата оценка значеле пораки за неспособност. Вашите искуства од минатото, дури и оние на кои не се сеќавате, или за нив не размислувате, се активни, живеат во вас и секојдневно ги слушате кака  внатрешен  глас, кој постојано ви повторува некакви пораки, критикува, навредува, казнува и ги обезвреднува вашите успеси.....

Вашата  ниска самодоверба, ве тера да се држите до тоа што моментално го работите, за да може на тој начин да се детерминирате самите себе. Потребно ви е надворешно позитивно искуство, за да ги неутрализирате вашите негативни мисли за себе, а кои непрекинато ве измачуваат. Дури и кога ќе ви се случи нешто убаво, таквото позитивно чувство е времено...

Еве, три најчести маски со кои се сокрива ниската самодоверба:
    
1. Лажна маска. Изгледа среќно, успешно, а во основа, таквата личност е преплашена да не и се случи неуспех. Живее во постојан страв да не биде „откриена“. Потребно и е постојано докажување, што води во проблеми од типот на перфекционизам, постојано одложување, натпреварувачко расположение, за на крај да може да се случи не само целосно исцрпување, туку  и слом.

2. Бунтовничка маска. Постојано се бори за доброто на другите, особено за нешта за кои богатите и важните лица не се грижат. Живее во  постојана лутина и има чувство како недоволно  да вреди. Мора да докажува како туѓите коментари не ја погодуваат, а тоа води до ексцесивно обвинување на другите, што повторно води кон противење на законот, демонстративни испади и слично.

3. Маска на губитник. Се однесува безпомошно, како да е неспособна личност да се носи со секојдневните предизвици, па чека некој да ја спаси. Самосожалувањето го користи како штит против превземање одговорности за менување на животот. Постојано и е потребна туѓа заштита и водство, што и создава недостаток на способност за одлучување, потценување на сопствениот успех, па и опсесивно потпирање на партнерот.

Поврзани блог статии