Кога постојано се чувствувате преплашено


Има голем број луѓе, кои чувствуваат некаква неодредена преплашеност, некава вознемиреност, внатрешен немир, страв кој преминува во паника, имаат чувство дека ќе „експлодираат“, а сето тоа е проследено со психомоторен немир и не знаат не само од каде сето тоа произлегува, туку не знаат и како со тоа да се справат. А таа, т.н. општа преплашеност, им го нарушува нивното секојдневно живеење, влијае на нивната душевна состојба, на интелектуалното, на социјалното функионирање. Состојбата може да им изгледа многу драматична, што и не мора да биде таква. Но, она што може да биде многу загрижувачко, односно да претставува сериозен проблем, а што на овие луѓе најверојатно ќе им изгледа парадоксално, е целосното отсуство на ваквото чувство.

Имено, преплашеноста може да има заштитничка улога, затоа што нејзиното телесно доживување преставува сигнал кој телого го проследува до нашиот ум, за да му помогне да препознае некаква опасност. А, тоа за времето и светот во кој живееме има голема важност. Тескобноста, анксиозноста која ја доживувате, почнува да ви преставува вистински проблем кога таа веќе долго ве мачи и го попречува вашето секојдневно функционирање. Иако во најголем број случаи, луѓето незнаат од каде таа потекнува, понекогаш може да се знае и што неjзе ја условува. Така на пример, стресот и вашата изложеност на него, може да биде извор за преплашеност, затоа што стравот се прелил и во другите сегменти од вашето живеење, а не само врз она што се јавило во форма на провакотор за стрес….

Или, ако сте доживеале некакво трауматично жиотно искуство, стравот што притоа се појавил, се вовлекол во вашето секојдневие. Понекогаш, самата преплашеност може да „изроди“ нова преплашеност, не само затоа што не знаете од каде таа потекнува и како со неа да се справите, туку и затоа што сакате да ги држите нештата под контрола, а сега тоа не ви успева.

Како и да е,за да може да идентификувате дали кај вас постои состојба на внатрешен немир, на преплашеност треба да откриете дали вас ви се случува постојано да размислувате, но и да очекувате дека што и да треба да решавате, да правите, ќе се случи само најлошо можно решение, да ви се „вртат морбидни сценарија“. Потоа, дали имате проблеми со концентрацијата, со помнењето, со вниманието, со разбирањето, со јазичното изразување? Дали вашето расположение е значително намалено, што влијае на квалитетот на вашиот живот?

Овие психички симптоми се проследени и со физички, како: притисок во пределот на градите, тахикардија, главоболки, потење, болки во мускулите, претерана замореност, сувост на устата, мачнина и слично.

Поврзани блог статии