Личност со опсесивно - компулсивно нарушување


Личноста која страда од опсесивно компулзивно нарушување не поднесува авторитети, а воедно од нив и се плаши. Посебно е чувствителна на непредвидливи ситуации и има проблеми во интимните врски, посебно кога станува збор за партнерот, кој го доживува како некој кој има претерани барања. Личноста е посесивна, ги одложува обврските и е перфекциониста.

Се стреми да ги избегне чувствата и разговорите за нив. Најчесто е некако намрштена и тешко може да ја расположите. Во интерперсоналните односи, се стреми да се постави како лидер и другите да ги гледа од „високо“. На авторитети им се подчинува, со чувство дека тоа мора да го прави. Се држи до правилата и кон нив е ориентирана. Не покажува склоност кон имагинација и некакво фантазирање.

Во однос на нејзиниот темперамент, ваквата личноста е напната, анксиозна и некако тешка. Себеси се гледа како одговорна, за работите да не во погрешна насока,па непрекинато е внимателна. На себе гледа како на одговорна, компетентна и праведна личност. Така и се однесува - праведно и одговорно. Идејата за правичност е доста крута - црно-бела. Нагласена е пресрогата совесност која личноста ја тера на секоја ситница да и обрнува преголемо внимание. На соговорниците им е тешка, а на неа и е тешко кога соговорникот со неа нема да се сложи. Во такви ситуации се откажува од објаснувања, но не и од идејата која наметливо ја пласира.На  светот глада како на непредвидливо место кое мора да го контролира за работите да не тргнат по лошо. 

Себеси се гледа како одговорна за секоја можност нешто лошо да се случи. Оттаму потребата за контрола на условите за живот и другите луѓе е силно изразена. Личноста е преоптеретена со ситници и желба за контрола и има проблем во разговорите да се фокусира на фактите. За ваквата личност отворено да изрази како се чувствува преставува нешто опасно и нешто што може да ја стави во неволја. Инсистира на тоа да биде прифатена како рационална личност која нема никакви посебни емоции.