Дали сте свесни за силата на своите мисли?

Силата на мислите е клучот за создавањето на вашата реалност. Сѐ што гледаме во светот има свое потекло во невидливиот, внатрешниот свет на мислите и убедувањата. За да можете да загосподарите со својата судбина, морате да научите да ја контролирате природата на своите секојдневни мисли. На тој начин, ќе можете да го привлечето во својот живот, тоа што го сакате.

Секој постигнат ефект кој можете да го забележите во надворешниот свет има своја специфична причина и потекло во внатрешниот или менталниот свет. Тоа е суштината на моќта на мислите. Околностите не го чинат човека, тие го откриваат. Секој аспект од вашиот живот точно и прецизно ги открива вашите мисли и убедувања. Многу луѓе погрешно мислат дека се чувствуваат или мислат на одреден начин заради надворешните околности, не знаејќи дека всушност силата на нивните мисли е таа која ја создадава конретната околност. Кога најпосле ќе сфатите дека мислите ја креираат вашата реалност, самите ќе можете да создадете промени кои сакате да ги видите во својот живот.

Силата на вашите мисли е неограничена, таа доаѓа одвнатре. Наголемите учители кои одела по Земјата ни говореа за ова. Нашите мисли се преполни со енергија. Нашите мисли се живи. Секој пат кога се создава одредена мисла, таа емитува многу специфична енергија која одговара на фрекфенцијата или вибрацијата.
Основата на законот за привлечност е дека сличната енергија ја привлекува сличната. Можете да ги привлечете оние работи кои се во скалд со вашата доминантна фрекфенција, која ја одредува вашиот ментален став, вообичаените мисли и убедувања. Ако сакате да знаете како изгледаат мислите, само погледнете околу себе. Имајте ги на ум овие три збора: ,, мислите се реалност“.

Моќта на било кој мисла се одредува со тоа колку често се јавува и колкава е силата на емоцијата која со таа мисла е поврзана. Колку повеќе енергија и давате на одредена мисла, толку е поголема нејзината моќ која ќе ги привлече оние околности кои одговараат според законот за привлечност. Мислата која не с езадржува, ја нема истата креирачка моќ како вообичаената мисла и став. Ако позитивните мисли само за кратко се дел од вашиот ден, за потоа продолжувате да размислувате негативно во текот на денот, негативните мисли ја поништуваат користа од позитивните мисли и обратно. Со оглед на тоа дека реалноста е збир од сите наши мисли, постојат многу фактори кои влијаат на нашиот живот. 

Потсвесниот ум е склад на длабоки убедувања и мисли. За да можете да ги промените околностите и да го привлечете оно што го сакате, ќе морате да научите да го програмирате и репрограмирате вашиот потсвесен ум. 

Се проценува дека имаме помеѓу 12 000 и 70 000 мисли дневно. Тоа е доволен доказ дека вашата цел не би требало да биде да ја контролирате секоја мисла одделно. Вашите доминантни мисли убедувања се оние кои мора да научите да ги контролирате, бидејќи тие во голема мера го формираат вашиот ментален став.