Кои фактори се одговорни за појавата на стравот?

Постојат неколку фактори кои се одговорни за појавата на стравот. Еве некои од нив:

1. Заменување на реалноста со ваши проекции, со ваша илузија. Колку пати сте помислиле дека на некој начин сте загрозени и сте реагирале со вистински страв, а всушност реалноста сте ја замениле со сопствената проекција? Многу пати. Но она што ја предизвикувa  вашата физичка реакција на страв, не е стравот туку некое ваше сеќавање од минатото во кое сте доживеале страв.

2. Бегање од последиците на стравот. Кога постои страв и вие се борите со физичките, емотивните и менталните реакции на неговото постоење, не сте во можност да го видите коренот на стравот, кој е мисла во форма на желба. За да се справите со ова, дозволите да се чувствувате така како што се чувствувате без да се проценувате или самокритикувате.

3. Губење на дирекниот контакт на самите со себе, но и со другите. Иако сте го изгубиле дирекниот контакт, желбата за контакт и понатака останува многу силна, па станувате принудени на воспоставување индиректен контакт, што резултира со губиток на свеста за тоа кои сте вие навистина. На пример, станувате исплашени од тоа како другите ве гледаат и што би можеле да направат. Така ви се раѓа желбата за заштита и дополнителна изолација, со што уште повеќе нештата се компликуваат. Сега од желба да се ослободите од стравот од влошување на ситуацијата, создавате дополнителен страв. На тој, начин влегувате во волшебниот круг на невозможна мисија која вашиот ум ја изведува во ваше име. Застанете и престанете да се борите со вашиот ум.

4. Споредување и натпреварување со дугите. Последица на ова е добивање на чувство дека не сте доволно добри такви какви што сте, што кај вас само го буди чувството на инфериорност, љубомора, завист, бес и страв над се. Притоа, она што на сето ова му претходи е вашата проекција дека другите се виновни за тоа што така лошо се чувствувате. Така кон другите чувствувате омраза, аверзија.

За да се справите со стравот не треба да го измислувате непознато за да се плашите од тоа. Треба дирекно да се соочите самите со себе и да сфатите дека не ја живеете својата вистинска природа, туку едно незадоволно „јас“ кое има илјадници  желби. Престанете нештата да ги гледате само како добри или лоши, престанете да се преокупирате со минатото и да се грижите за иднината. Живејте го животот овде и сега.