Неуспешните многу брзо се откажуваат. Ако не успеат при првиот обид да го направат тоа што го замислиле, ќе заклуќат дека се неспособни или дека тоа е претешко и се откажуваат. Успешните пак од друга страна знаат дека многу малку работи можат да се направат при првиот обид. За сѐ е потребно време. Тие исто така се подготвени на потешкотии и предизвици. Грешките и неуспесите се составен дел од патот кон целта. Во случај на неуспех, тие не се обвинуваат, нити пак се откажуваат. ,, Направив најдобро што можев“, ќе одговори таквиот човек и ќе продолжи понатака. Успешниот човек е активен и пробува многу работи, иако знае дека некои од нив ќе завршат со неуспех и тоа не го спречува и понатаму да се обидува.
Бидете упорни, за откажување секогаш има време
Можеби најистакнатата особина на успешните луѓе е нивната упорност. Тие едноставно никогаш не се откажуват. Ако не успеат денес, ќе пробаат утре. Ако не успеат на еден начин, ќе пробаат друг. Секогаш постои некое решение за проблемите и ако доволно долго го бараме решението, ќе го најдеме. За откажување секогаш има време. Успешните луѓе не размислуваат на пораз. Откако еднаш ќе ја постават својата цел, се држат до неа и одат напред. Тие чувствуваат дека немаат избор, освен да одат напред. Тоа е нивната единствена можност, патот напред. Нити еден проблем не е ненадминлив. Многу големи луѓе тргнале од самото дно и благодарение на својата упорност стигнале до таму до каде можеби не ни сонувале.
Создадете самите поволни околности
Колку пати сте ја слушале изреката: Кога само би ми се укажала шанса да покажам што знам! Многу луѓе се доста талентирани за нешто, способни и имаат што да покажат. Но, никој нема тука така да ,,чукне на нивната врата“ и да каже: ,, Еве ти давам шанса, покажи што знаеш“! Среќните околности се навистина ретки. Затоа треба да ги создадете. Успешните луѓе самите создаваат околности. Не чекаат нешто да се случи, туку превземаат акци кои ги водат кон нивната цел. Ако седиме и само чекаме нешто да се случи, веројатно тоа нема да се случи.
Натпреварувајте се самите со себе и уживајте во тоа
Ако ја работите секоја работа најдобро што можеме и знаеме и даваме сѐ од себе, успехот сигурно ќе следува. Успешните луѓе се усмерени на тоа да бидат најдобри во тоа што го работат и се убедени дека ќе успеат. Тие не го трошат своето време на уништување или спречување на некој друг. Веруваат дека на врвот има доволно место за сите.