Десет фактори за постигнување успех

Многу луѓе сметаат дека за постигнување успех, неопходно е да се има среќа, некои поволни околности, нечија поддршка и слично. Но, дали тоа навистина е така? Поголемиот број успешни луѓе го тврдат сосема спротивното. Успешните луѓе често потенцираат дека за постигнување успех, потребни се некои други квалитети, пред сѐ внатрешни квалитети. Успехот е сѐ, освен работа на среќа, пари, па дури и интелегенција. Успехот е многу повеќе од тоа. Многу интелегентни луѓе се неуспешни, многу луѓе многу брзо ќе ги потрошат парите кои ги наследиле, на многумина среќата ,,им прогледала“ но, не ја искористиле шансата нешто да направат.


Што е неопходно за да бидеме успешни?

За да постигнеме успех, потребни  се следните фактори:

1. Јасно дефинирана цел – што подразбира личноста да знае точно како, зошто и на кој начин ќе ги оствари своите желби. Многу луѓе имаат желби, но повеќето немаат јасно дефинари цели, односно не ги знаат начините како би можело желбата да стане реаланост. Желбата е неопределена, а целта мора да биде определена, јасна, специфична. Личноста која нема дефинирано цел, незнае во која насока се движи, нема своја визика, нема патоказ. Како личноста ќе знае дали е во нешто успешна, ако незнае што е мерило на нејзиниот успех? Мерилото на успехот е остварената цел, која личноста ја избрала.

2. Позитивна мотивација – кога личноста има јасно дефинирана цел, тоа самото по себе создава мотивација. Личноста знае што сака и кон што тежнее. Тоа самото по себе создава мотивација. Но, луѓето често се амбивалентни кога се во прашање целите што ги одбрале. Тие често сакаат нешто, но честопати се плашат тоа да го постигнат. Тоа значи, за да може личноста да има позитивна мотивација, потребно е да се соочи со стравот од неуспех. Најчестата причина за стравот од неуспех лежи во тоа што личноста се поистоветува со целта, односно со успехот или неуспехот и на тој начин си создава самата на себе притисок кој резултира со страв. Значи, не треба да се идентификувате со успехот или неуспехот. Причините за успех или неуспех никогаш не треба да се бараат во личноста, нејзиниот карактер, туку во нејзиното однесување, начините на кои ги дефинира целите, стратегиите кои ги користи за остварување на целите и слично.

3. Позитивен фокус – подразбира дека личноста ќе се фокусира само на тоа што може да го направи, а не на тоа што неможе да направи. Многу луѓе, поголемиот дел од времето го поминуваат размислувајќи за сето она што неможе да се направи, за она што е невозможно или тешко изводливо. Бидејќи човек неможе да прави две работи одеднаш, размислувајќи за тоа што сѐ неможе да направиме, ние ги пропуштаме шансите да дојдеме до креативни решенија и идеи за тоа што сѐ можеме, како би можеле да ја оствариме својата цел. Размислувајќи за тоа што неможеме да направиме, само си ја намалуваме мотивацијата, без која ќе немаме ни енергија за почетна акција на патотот кон остварување на целта.

4. Насоченост на резултат – подразбира дека личноста ги анализира постигнатите резултати и ги поврзува со примената на стратегија, однесување и планот кон кои се ,,држела“ додека се движела кон цлета. Резултатот е повратна информација за тоа што сме направиле и тој ништо не говори за нас самите или нашиот карактер. Резултатот говори за тоа што е потребно да се смени во стратегијата на однесувањето или првичниот план.

5. Упорност – е клучниот елемент за успехот. Многу луѓе не се упорни и лесно се откажуваат кога ќе наидат на првите пречки. Упорноста подразбира дека личноста не се откажува кога ќе наиде на пречки, туку вложува дополнителна енерија за да ги совлада. Ако нешто навистина сакате и сте доволно упорни, сигурно ќе успеете – само прашање е и тоа колку ќе добиете. За секој успех потребно е време, што значи дека мора да се истрае, дури и тогаш кога резултатите не се видливи и кога работите не се одвиваат на начинот на кој посакуваме

6. Флексибилност – се надоврзува на претходната карактеристика – упорноста. Да се биде упорен, не значи исто со тоа да се биде тврдоглав. Тврдоглавоста е упорност во негативна насока, тоа е ситуацијата кога сме упорни во нешто што не ни ги носи посакуваните резултати. Тврдоглавоста повеќе се базира на некоја емоционална, отколку на рационална причина. За да не бидеме тврдоглави или упорни во нешто што не ни носи резултат, потребна ни е флексибилност. Спротивно на флексибилноста е ригидноста, непроменливоста, ограниченоста. За успех во животот, потребно е да се менуваме постојано, да растеме и да се развиваме, да се прилагодуваме кон новите околности и потреби. Тоа е неопходно, бидејќи целиот свет околу нас постојано се менува и ако ние не сме подготвени тоа да го следиме, нема да успееме гледано на долги патеки. Најчестата причина за ригидноста е стравот, пред сѐ стравот да се признае дека нешто добро не сме направиле, или стравот од признанието дека потребно е да се менуваме.

7. Позитивни очекувања – подразбираат доволно да веруваме во остварување на целта која самите сме си ја поставиле. Без позитивни очекувања нема да имаме силна мотивација, што ќе се одрази и на упорноста која ни е неопхдна како би можеле да истраеме. Дали ќе имаме позитивни очекувања, зависи од процената на сопствените способности и ресурси кои ни се потребни за остварување на целта. Способностите за остварување на целта се важни, но често се и преценети. Многу способни луѓе не ги остваруваат одбраните цели, додека некои помалку способни се многу поуспешни. Личноста со просечни интелектуални способности со силна мотивација и останатите фактори кои ги наведовме може да постигне одлични резултати во тоа што го работи. Често поважен фактор од способностите се вештините и практичните знаења. Сите вештини можат да се научат. 

8.Храброст – подразбира подготвеност да се ризикува. Успехот нужно подразбира и превземање ризик. Колку целта е попредизвикувачка, толку по правило и ризикиот е поголем. Нема успех без ризик. Подготвеноста да се ризикува подразбира дека личноста умее рационално да го процени ризикот, дури и кога чувствува страв и неизвесност. Храброста не подразбира отсуство на стравот, туку спротивно подготвеност да се донесат рационални одлуки и дела кога е најризично, најнеизвесно. Тука до израз доажа и флексибилноста. Некогаш е помудро добро да се размисли да си дадеме доволно време самите на себе за важните одлуки, а некогаш е потребно да се биде импулсивен и да се ,,скокне во оган“.  Стратегиите за превземање на ризикот потребно е да се менувааат во зависност од тековните случувања. 

9. Реалност – подразбира носење рационални судови и поставување реални цели. Да се постави реална цел понекогаш не е лесно, бидејќи секогаш постои можност да се потцениме или да се прецениме. Уметноста на поставуавњето реални цели подразбира балансирање помеѓу овие два екстрема. 

10. Отвореност – е подготвеност да се усвои нешто ново, да се сменат навиките и убедувањата, како и подготвеност постојано да учиме нешто ново и да се усовршуваме во тоа што го работиме. Многу луѓе не се отворени за промена и учење на нешто ново, а тоа не неопхдно за успех, поготово долгорочно гледано.