Чувство на вина


Најчесто и најинтезивно, чувството на вина се манифестира преку чувството на инфериорност и неадекватност. Инфериорноста е доживување дека некој е подобар од вас. Кога тоа го чувствувате, немате сила да одговорите, па луѓето лесно можат со вас да манипулираат.

Неадекватноста се јавува така што започнувате добро, а кога ќе почуствувате дека нештото навистина може добро и да испадне, се преплашувате од тоа и попуштате. Втора манифестација на чувството на вина е деструктивната критика. Неа ќе ја препознаете по фразата: „однесување на губитник“. Суштината на оваа фраза е во самокритиката која си ја правите, така што себе негативно се критикувате:„ знаев дека нема да успеам“, „веднаш тоа си го кажав“, „секогаш доцнам“ и слично. Непрекинато критикувајќи се самите себе, вие овие негативни претстави за себе, ги претварате во дел од сопствената стварност. 

Трет начин на манифестација на вина е можноста за манипулација со луѓето. Покрај веќе спомнатата инфериорност има и други форми на манипулација кои се сведуваат на:„ти си виновен за мојата состојба, направи го тоа што ти го кажувам, па ќе ми биде подобро“. Кога некој со својот израз на лице, гестикулација, положбата на телото,(на пример оние кои просат), кај вас ќе предизвикаат чувство на сожалување, треба да знаете дека тоа чувство не е во прашање, туку во прашање е  чувството на вина. Тогаш вие сте се нашле во ситуација да си направите илузија дека сте подобри од некого и дека сте виновни ако не му помогнете да си ја поправи состојбата.

Четврта манифестација на чувството на вина е кога тоа чувство ќе го пренесете на други. Ако ве манипулираат со чувството на вина и ако така сте биле воспитувани, само ако на тоа цврсто не се спротиставите, утре , вие вашите деца така ќе ги воспитате и тие со другите луѓе на таков начин ќе комуницираат. Многу родители го користат ова чувство за нивните деца да го направат она што  тие го сакаат. 

Петтата манифестација на вина, које е и најочигледна е комплексот на жртва. Личноста се чувствува и говори како жртва. Секогаш за нешто се правда. Користи фрази како: „јас морам“ и „јас не можам“ и комбинациии како: неможам ама морам“ или „морам но неможам“. Друга фраза е: „се обидувам“. Кажувате: „ќе се обидам“, што значи дека однапред не сте сигурни дека ќе успеете (за тоа да не  бидете критикувани), се оградувате... Трета фраза е: „јас сакам“. Кога ова ќе го кажете, вашиот мозок разбира како однапред да се браните и верувате во неуспех, како на пример: „јас сакам да престанам да пушам“, „сакам да ослабнам“. Изгледа како после овие фрази, вашиот мозок очекува да чуе: „но“, но кога тоа „но“ ќе биде поставено, тоа е двоумење, а двоумењето е страв, а стравот е страв од потенцијалното чувство на вина, што значи неуспех и откажување од намерата. Ако сами не умеете да се справите со чувството на вина, независно на начините на кои таа се манифестира, побарајте стручна психолошка помош.

Поврзани блог статии