Петте фази на напуштањето

Дали некогаш сте се почувствувале напуштенo? Кога било тоа? Кога сте ја загубиле љубовта или вашата приврзаност, кога сте останале сами, кога некој на некој начин ве предал, отфрлил, оставил? 

Во основата на напуштањето се наоѓа стравот кој сите ние сме го почувствувале. Кога вашата врска завршува, може емотивно да се вратите во вашето рано детство, кога сте се чувствувале зависно и безпомошно. Вашето возрасно функционирање, времено е во колапс и тогаш минувате низ процесот на напуштање, односно низ следниве пет фази:

1.Скршеност

Вашата врска се распаднува и вашите надежи и соништа ви се разнишани. Збунети сте, тажни, очајни и паничите. Се чувствувате безнадежно. Со оглед на тоа што со вашиот партнер сте чувствувале како да сте симбиотски (неразделно) поврзани, прекинувањето на врската ја доживувате како изречена смртна пресуда. Се чувствувате отсечено. Во шок сте и чувствувате неподнослива болка. Отсечени сте од вашиот емотивен живот. 


2.Повлекување

Болен процес на одвикнување од неостварената љубов. Многу сличен на хероинското одвикнување, во смисла на апстиненциони кризи и зависност. Вашето тело чувствува силни болки, копнеж, растргнатост и желба партнерот да се врати. Постојано размислувате, фантазирате и чекате тој/таа да се врати. 


3.Интернализирање (внатрешно повлекување)

Отфрлањето на партнерот сте го интернализирале. Отфрлањето го правдате на начин на кој самите себе се обвинувате. Така говорите: „да бев повнимателен/на, почувствителен/на, со помалку барања...“Се самосожалувате и се самообвинувате. Ова е најкритична фаза од циклусот на напуштање, затоа што е повредена вашата самопочит, која станува како „една отворена рана подложна на инфекции“. Партнерот го идеализирата на сметка на лошата слика што за себе ја правите. 


4. Чувство на бес

Ова е пресвртна фаза, кога сте подготвени на ударот возвратите. Почнувате да одбивате за неуспешната врска себеси да се обвинувате, односно партнерот го обвинувате и тоа прави да сте бесни. Се јавуваат фантазии за одмазда. Досегашното доживување на огромно силното чувство на болка и тага, кога сте избрале да бидете изолирани и од семејството и од пријателите, сега го заменувате со лутина, обвинување и осветољубивост. 


5. Опоравување

Вашиот бес ви помогнал болката да ја екстернализирате(да ја исфрлите надворешно). Почнувате со процесот на простување. Постепено ви се враќа енергијата. Животот почнува да ви го одвлекува вниманието и постепено ве подигнува од циклусот на тага. Се чувствувате не само посилно, туку и помудро за болните лекции што сте ги научиле.Така станувате подготвени повторно да сакате.

И една мерка на внимателност:  Кога ,,ќе се подигнете“, вашите чувства земете ги со вас. Инаку, уште еднаш ќе ја загубите врската самите со себе, создавајќи така  пречка за другите кои би сакале да ви се доближат.
Низ овие фази може да минувате одново и одново од час во час, од недела во недела, од месец во месец, сѐ до конечното санирање.

Стручна психолошка помош може да побарате независно во која и да фаза се наоѓате, особено ако во некоја фаза сте се фиксирале или за целиот процес, за кој  не знаете или не умеете сами да го надминете.