Како самите се доживуваме?

Тоа што го одредува нашиот живот е претставата која за себе ја имаме, а не тоа на каков начин другите не доживуваат. Таа претстава се формира несвесно, во раните  развојни фази, под влијание на искуствата од интеракции со другите луѓе. Еднаш откако ќе се формира, таа слика несвесно и секојдневно се потврдува со секоја наша постапка и одлука, одредувајќи ни го животот и иднината.

Што ако себеси се одредуваме како некој кој не е во состојба, нема да успее, нема среќа, пари...Дали треба да останеме верни на таа слика? Што од животот воопшто да очекуваме, ако себеси на тој начин се гледаме? Коренити промени за повеќето се тешки, заради убедувањето дека не се возможни. Ако сакаме поинаква иднина, мора да започнеме себе поинаку да се дефинираме, инаку никогаш нема да ги искористиме своите огромни потенцијали. Животот, навистина наметнува тешки задачи и предизвици, но нашиот одговор на тие предизвици го одрдува и конечниот исход.

Нашата иднина најмногу зависи од нас самите. Наместо она што не спречува, потребно е во животот додадеме елементи кои ќе ни овозможуваат за себе да оствариме сѐ што посакуваме. Овој процес е долг и за него е потребна силна волја и искрена решителност. Еве неколку предлози како да се зголеми нашата самодоверба на патот кон промените:

1. Забележувајте ги сите ваши успеси, дури и оние најмалите. Ова прелистајте го секогаш кога ќе ви биде потребно да се потсетите како изгледа кога сте победник. 

2. Почитувајте ги своите способности - за нив размислувајте со љубов, зошто познато ви е тоа дека мора себеси да се сакате, ако сакате светот да ве засака.

3. Секогаш правете го тоа што е исправно, како за вас, така и за другите. На тој начин одлично ќе се чувствувате и ќе постигнете убава хармонија на духот и телото.

4. Кон себе не се однесувајте со злоба, непочитување и себично, зошто во спротивно никогаш нема да постигнете себе да се почитувате.

5. Бидете искрени, вредни и продуктивни – само на тој начин ќе изградите искрено и длабоко самопочитување кое никој никогаш нема да може да ви го одземе.

Поврзани блог статии