Како да се справите со луѓето кои ве исцрпуваат?

Тие се насекаде околу нас: луѓето кои ни ја одземаат сета позитивна енергија ја пополнуваат нивната немилосрдна глад за негативност, оставајќи не нас исцедени, исцрпени или несреќни. Како и да ги наречете – енергетски вампири, цицачи на енергија или едноставно несреќи, тие може да ви го опустошат животот доколку немате ефикасни стратегии како да се справите со нив.

„Енергетските вампири“ честопати се личности со нарушувања кои имаат тенденција да бидат:
-наметливи
-премногу критички настроени, наоѓајќи грешки за сè во нивните животи
-хронични плачковци, ретко наоѓаат нешто на што се радуваат или на што се задоволни
-склони кон расправање, имаат проблем да се сложат со другите дури и за работи што изгледаат неважни или безначајни
-немилосрдно побаруваат и се упорни, не прифајќајки НЕ како одговор
-постојано негативни, секогаш ја гледаат чашата како половина празна
-не се во состојба да прифатат одговорност, обвинувајќи ги сите освен самите себеси за нивните постапки и проблеми.


Не постои причина да дозволите нивните проблеми да станат ваши. Еве кои чекори може да ги превземте за да се справите со луѓето кои ве исцрпуваат:


1.Да ги препознавате кога ќе ги видите (забележите)

Природата на овие негативни луѓе не е секогаш лесно воочлива кога прв пат ќе ги сретнете. Како прво, нивната ексцентричност може да ве интригира, нивните приказни може да ве натераат да сакате да слушнете повеќе, нивниот драматичен талент може да ве забавува.... Како и да е, набрзо сфаќаш дека нешто не е како што треба. Немојте да ги игнорирате овие чувства. Обрнете внимание на вашите инстикти и фашите физички реакции после вашите средби. Доколку забележите дека мускулите ви се грчат, губите енергија, имате главоболка, раздаздливи сте, тажни, збунети или негативни тоа е знак дека имате присутвно на негативен човек кој што ви ја цица енергијата.



2. Ограничете ги контактите

Еднаш откако ќе ги идентификувате ваквите луѓе, ограничете го времето што го поминувате со нив. Доколку неможете целосно да ги ,,откачите“, доколку се работи за роднини или колеги од работа, поставете цврсти граници. На пример, за оние кои се нападни или премногу драматични и ти одземаат премногу од твоето време, со нивните приказни за нивните несреќи, започни го разговорот со нешто вака: ,,Имам само неколку минути пред пред да отидам во банка“. Откако времето ќе истече, ,,откачете ги“ културно.



3. Не им дозволувајте да ве вовлечат

Без оглед на тоа колку сакаш да мислиш или да се надеваш дека ќе можеш да им ги решиш нивните проблеми, нема да го сториш тоа. Хронично негативните луѓе или ќе пружаат отпор на  вашите напори да им помогнете, или ќе создаваат нови кризи во нивните животи.  Кај овие луѓе дури и најдобрите терапевти наоѓаат на поголеми потешкотии при нивната работа. Твојата најдобра стратегија во ваков случај е да поставиш јасни граници. На пример, за луѓето кои се несигурни и постојано им треба твоја насока, даваат отпор кон нудењето решенија. Наместо, да кажете нешто во стил: ,,сигурен сум дека ќе можеш да го пронајдеш вистинскиот одговор самиот“.  Кажете го тоа културно и учтиво, немора да бидете груби. Не се работи за тоа да се откажете своеволно од негативната моќ на оние кои ви ја одземаат вашта енергија. Наместо тоа, сочувајте го позитивниот став и опркужете се со позитивни луѓе кои ќе ја подигнат уште повеќе вашата енергија. Или, како што вели Хелен Келер: ,,Гледај во зајдисонцето и нема да ја гледаш сенката“.