Насоување на целите - патот до успехот!

Да се живее без јасно поставена цел, значи да се живее без насока во животот. Таквиот  живот буквално наликува на брод без капетан, оставен на милост и немилост да плови самиот. 


1.Определите јасна цел која морате да ја остварите. 

На пример, подобрувањето на здравјето е добар почеток, но тоа не е доволно. Што точно сакате да добиете? Сакате да го симнете нивото на маснотии во телото? Колку? Сакате ли да станете појаки? Да ги подобрите своите аеробни способности? Без оглед каква е целта, истата мора да биде јасно дефинирана. Кога тоа ќе го направите, ставете го својот план на хартија. Зошто е потребно да се запишува? Истражувањата покажуваат дека ставањето на целта јасно на хартија со план за остварување, го подигнува механизмот за успех во мозокот.


2. Определите точен датум за остварување на целта и посветете се на задачата.

И датумот морате да го ставите на хартија.



3. Поголемите цели, разделете ги на потцели.

Понекогаш, осварувањето на некоја цел се чини така далеку, така што целиот план станува застрашувачки. Со оглед дека напредувањето не е видливо, постои тенденција заради фрустрациите да се откажеме од своите цели. И заради тоа, потребно е да се запишат потигуцелите и датумите до кои сакате да ги остварите.


4. Мерете го напредокот и направете ги потребните исправки

Што доколку не ја исполните целта до датумот кој сте го определиле? Дали сте неуспешни? Не. Сè додека напредувате кон целта, успешни сте. Ако не ја постигнете целта до одреден датум, едноставно направете ги потребните промени. Може ќе откриете нови возбудливи цели. Што може да биде подобро од тоа? Немојте да се обесхрабрувате, туку дозволете си себеси да го почувствувате задоволството заради напредокот. Пробајте тоа секојдневно да го чувствувате. Како што вели Тони Робинс (познат светски мотиватор): ,, Постигнувањето на целта не е единствента важна работа, туку и квалитетот на животот кој ќе го искусите на патот до остварувањето не целта“. 


5. Внимавајте на мотивацијата. Дали е доволно само да се посакува целта? Можеби да, а можеби и не.

Голем број луѓе, имаат некакви соништа во животот. Меѓутоа, многу мал број од нив ги остваруваат тие соништа. Зошто? Затоа што да се сака нешто не е доволно за да се оствари целта. Многу луѓе сакаат да постигнат подобра кондиција, но никако да почнат да се хранат на правилен начин. Нивната мотивација не е доволно силна, да прифатат и направат сè што е потребно целта да се оствари.

Морате да најдете привлечни причини зошто сакате да остварите некоја цел и тие мора да бидат толку силни за да ве насочат кон оставрување. Започнете да ги запишувате своите причини зошто сакате да остварите некоја цел. Смислете доволно причини, кои ќе ви ја разбудат искрата и ќе ви ја зголемат мотивацијата. Одлучете веднаш, зошто успехот толку ви значи и ништо неможе да ве сопре.

Тоа е првиот чекор во создавањето мотивацијата која ќе ве одведе до успехот. На патот ќе има и пречки, но така е со сè во животот. Сега, тргнете од спротивното: запишете ги сите негативни страни на неуспехот. Запамтете, тоа е болка, уплашете се од неа.

Како би се чувствувале кога би се откажале од тоа што го сакате? Зарем тоа тоално не би ве поразило? Можеби би имале чувство дека сте ги изневериле луѓето околу вас? Колкаво разочарување би чувстувале? Единствениот начин да доживеете неуспех е да ги спроведувате дневните обврски кои се дел од планот за остварување на целите.



6. Што би било кога би добиле средство кое гарантира успех?

И што би било кога би се покажало  дека имате средство како се доаѓа до целта? Вие, навистина имате механизам кој гарантира успех: вашата потсвест. Прифатете го умот како справа за постигнување цели со кои ќе можете буквално да постигнете сè. И на крајот ќе ги остварите сите потсвесни желби. 

Јансно е дека ви е потребен метод да ја канализирате таа енергија во позитивна насока. Започнете да ја користите силата на визуализацијата. Секој ден гледајте се себеси како успешна личност која ги остварува своите цели. Визуелизирајте си се себеси како секојдневно правите сè што е потребно што ќе ве одведе до целта. Замислете како јадете храна која му дава енергија на вашиот ум и тело, замислете како вежбате и постигнувате одлични резултати, замислете како уживате во секојдневните убавини кои животот ни ги носи.

Пред да поченте да визуелизирате, дозволете си себеси неколку моменти да се опуштите и да го разбистрите својот ум. Започнете со длабоко дишење и сета напнатост нека се стопи. 


7.Верувајте во себе. Убедете се дека сте предодредени за успех и ништо нема да може да ве сопре.

Посветете се на системот на вреднување и почнете да верувате дека ќе се придржувате кон планот и седумте чекори за деување за остварувањето на своите цели. Пред сè, бидете доследни.