ДЕНЕС - програма за конструктивно размислување

Дневна програма за конструктивно размислување

1. Денес ќе се трудам да бидам среќен и добро расположен. Ќе ги имам на ум зборовите на Линколн, дека повеќето луѓе се среќни во онаа мера во која ќе одлучат да бидат среќни. Постојано ќе се потсетувам дека среќата е во човекот, а не надвор од него.

2. Денес ќе настојувам да се прилагодам на околностите, наместо да се трудам околностите да ги прилагодам на сопствените желби.

3. Денес ќе се грижам за сопственото тело. Ќе бидам физички активен, правилно ќе се хранам и ќе го негувам своето тело. Нема да го запуштам нити да го злоупотребувам, бидејќи сакам долго и добро да ме служи.

4. Денес ќе посветам малку време на вежбањето на умот. Ќе научам нешто корисно. Ќе прочитам нешто што бара напор, размислување и концентрација.

5. Денес ќе бидам љубезен кон својата околина. Ќе се трудам да делувам најдобро што можам, ќе бидам внимателен и љубезен, за секој ќе се потрудам да пронајдам убав збор. Ништо и никого нема да критикувам. Нема да се обидувам да ги менувам луѓето.

6. Денес ќе се обидам да живеам за денес. Нема да решавам стотина проблем одеднаш, бидејќи знам дека денот трае само 24 часа.

7. Денес ќе се придржувам до однапред утврдениот дневен план. Ќе го распределам времето на тој начин што ќе знам што ќе работам во следните неколку часови.

8. Денес ќе се потрудам да најдам 30 минути време за потполно опуштање, 30 минути во кои ќе можам да бидам сам со себе.

9. Денес ќе се ослободам од сите свои стравувања. Нема да се плашам да бидам таков каков што сум, да се радувам и да уживам во убавите работи. Без страв ќе сакам и без страв ќе верувам дека ме сакаат оние кои јас ги сакам.