Се лутите и неможете да го исконтролирате тоа?


Во основа, самите за себе мислите дека сте човек кој тешко покажува што чувствува, дека може и да трпи доста, но кога работите ќе ви се натрупаат, вие ,,пукате“, па почнува викањето, трескањето, кршењето, а понекогаш и рака знаете да подигнете...Секако, кога тоа ќе ви мине, ви станува жал што така сте се однесувале. Може за тоа да се извинувате, но може тоа и да не го правите. Но, забележувате како со вашето однесување сè повеќе и повеќе штетно се рефлектира во вашата интимна врска, во семејните односи, на работа, со пријателите...

Лутината како едно исклучително силно чувство секогаш излегува на површина кога ќе исперцепирате дека сте спречени да задоволите некоја за вас битна потреба, но и кога ќе се почувствувате отфрлени. Преставува желба за манипулација со другите, односно е обид личната вина да се проектира врз другите. Може да ви биде корисна, да ве мотивира да ги надминете пречките и да ги остварите поставените цели. Но, понекогаш знаете да ја изманифестирате на деструктивен начин а со тоа не само што го расипувате квалитетот на односите со другите, туку и ги повредувате. Како да научите да ја контролирате лутината? Најпрво треба да ги идентификувате сите оние ситуации на кои сте пречувствителни. Треба да си одговорите на тоа што тие значат за вас, како ви ја загрозуваат сликата за себе или пак вашите вреднувања, убедувања и очекувања. 

Доколку ваш проблем е што ја акумилирате фрустрираноста и на неа не реагирате, за потоа за ситница да „експлодирате“, треба да научите како да ги изразите сопствените потреби, чувства и ставови и за нив да се заземете на еден конструктивен начин. Размислете околу тоа дали постапките на другите ги толкувате како лична навреда, како намерна провокација или како знак на непочитување. Можеби постојат и другите објаснувања кои не се со вас поврзани. И другите имаат право на поинакво размислување, па обидете се разликите да ги надминете со конструктивен разговор.

Неконтролираното изнесување на лутината може да е научено однесување од некој модел во детството. Или сметате дека тоа е единствениот начин за да другите сериозно ве сфатат. Или пак, дека само така ќе може да докажете дека сте во право...Има многу или а вие размислете околу нив. 

Ако сами не успеете да се справите, побарјте стручна психолошка помош.