Несигурна емотивна приврзаност

Емотивното приврзување влијае на сите аспекти на личноста. Влијае на она што го чувствувате кон себе и кон другите. Овде ќе стане збор за два типа на емотивна приврзаност на кои заедничка основа им е - несигурноста.

1. Несигурно одбегнувачки стил на емотивно приврзување. Умеете родителите често да ги идеализирате, за потоа низ разговор сè што сте кажале да го негирате. За битните приказни од детството често знаете да ги заборавите фактите а сè само затоа што сакате да ги одбегнете контактите со болните искуства. Така развивате стратегија на одбегнување, со која се штитите од емотивните изливи, негирајќи го значењето на емотивното врзување. А сето ова за цел има да се заштитите од тоа да бидете отфрлени.

Како родител и емотивно и физички сте оддалечени. Одржувате една за вас незагрозувачка емотивна оддалеченост и не го учите вашето дете да ги испитува сопствените чувства и интимноста. Кон детето не покажувате чувствителна грижа, му ја ускратувате топлината и нежноста. Вашите деца иако изгледаат како независни, во основа се неприлагодени. Во партнерските односи најчесто остварувате површни врски, одбенувате блискост и нагласувате колку уживате во својата независност. Ќе ги препознаете меѓу оние кои ја слават својата слобода и веруваат дека врската гуши, меѓу оние кои често ги менуваат партнерите и во целост се откажуваат од врски. Во основата лежи стравот од отфлање и емотивен ризик кои интимноста и блискоста ја носат со себе. За себе имаат позитивна слика а за другите негативна.

2. Несигурно-преокупиран стил на емотивна приврзаност. Кога го раскажувате своето детство, сте преопширни и родителите ги идеализирате. Но вашата приказна не е кохерентна, бидејќи низ бројните позитивни раскажувања, истовремено се јавува лутина и бес спрема родителите. Заробени сте во неразрешените конфликти, а натрупаниот бес ве блокира во емотивните врзувања. 

Како родител често се однесувате на начин да им се допаднете на децата и се борите за нивното внимание и наклонетост. Доста комуницирате, но без суштинска размена зошто се водите од претпоставки и лично искуство, со читање мисли и контрола. Така се обидувате да ја спречите сепарацијата, но нажалост, токму тоа ве води кон тоа во некој момент детето да ве отфрли. Тогаш знаете на детето да му се заканувате со нашуштање и се обидувате низ неадекватно однесување детето поворно да го приближите кон себе. Во партнерските врски остварувате зависнички врски. Заради вашето длабоко чувство на инфериорност, со врзувањето со партнерот го остварувате чувството на сопствена вредност. Секоја ситуација која умее да изгледа дури и како најмало заканување на врската, се доживува како можност за губиток на саканата личност а со самото тоа и губиток на сликата за себе како личност која вреди, па од таа загрозеност се јавува чувство на љубомора и посесивност. За да го сокриете своето доживување на безвредност од партнерот, практикувате само однесувања кои ве прикажуваат во позитивно светло. За себе имате негативна, а за имате другите позитивна слика.

Иако и двата стила на емотивна приврзаност се несигурни, дисфункционални, не значи дека се непроменливи. За тие да станат функционални и сигурни, потребно е да побарате стручна психолошка помош.