Суштината на љубомората

Во суштината на љубомората се наоѓаат две основни работи:

1. Првата основа ја чини тоа што го мислите за себе и како се чувствувате во врска самите со себе. Ако за себе имате лошо мислење, несигурни сте, ако не знаете како да ги задоволите своите емотивни потреби (како на пример чувство на сигурност, на самопочитување...) и имате многу незадоволени потреби, тогаш ќе се потпирате на други луѓе и ќе ви биде потребна нивната помош за да се справите со сето ова. Колку повеќе ви е потребна помошта на другите, толку поинтезивно стравувате дека таа помош ќе ја изгубите, односно ќе ги изгубите луѓето кои таа помош ви ја овозможуваат. Се плашите да не ги загубите луѓето кои ви го даваат она, кое вие самите не умеете да си го дадете. Друга важна работа, која исто така ја чини оваа прва основа на љубомората, е вашата потреба за контрола и поседување. Ако сосема искрено сами себе се запрашате дали мислите дека е возможно да се контролира друг човек за  тој да не би ве изневерил, одговорот би бил- секако дека не. Оттаму е потребно да научите да правите разлика меѓу тоа што можете и тоа што неможете да го контролирате. За да го направите тоа, потребно е да вложите многу труд. Темелот на таквиот труд го чини вашето размислувањето за себе и својата несигурност, за стравовите. Колку повеќе ќе успеете со себе и своите негативни ставови, емоции, мисли и.т.н да се справите, толку повеќе сами себе ќе се прифатите. Зошто е ова важно? Затоа, што колку е повисок степенот на самоприфаќање, толку е помала вашата потреба другите да ги контролирате. Треба да научите како другите да ги прифаќате, иако притоа знаете дека не можете ни да ги контролирате, ниту на нешто да ги присилите. Треба да ги пуштите да бидат тоа што сакаат или мораат да бидат. Ова е единствениот начин за да постигнете внатрешен мир.

2. Втората основа на љубомората ја чини тоа што за другите го мислите. Ако за светот мислите дека е преполн со лажговци и со луѓе на кои не треба да им се верува, тогаш најверојатно ќе настапувате со недоверба и ќе барате знаци кои упатуваат на тоа дека другата личност ве изневерува или нешто од вас сокрива. Многу често, особено ако во минатото сте имале лошо искуство (на пример партнерот ве изневерил), кон новите луѓе станувате внимателни и недоверливи. И повторно, недовербата кон другите говори за тоа како вие се чувствувате спрема самите себе. Ако се чувствувате несигурно и ранливо ќе го зголемите степенот на внимателност према другите, за да се заштите од тоа да бидете повредени.

Независно што ја чини сржта на љубомората, ако сами со неа не умеете да се справите, потребно е да побарате стручна психолошка помош.

Поврзани блог статии