Што е тоа што го отежнува наоѓањето соодветен партнер?

Да се пронајде соодветен партнер (оној кој на вас ќе биде сличен) не е лесно. Постојат фактори, кои сето тоа може да го отежнат. Еве некои од нив:
 
-имате изразито ригидни и нереални критериуми, како во однос самите кон себе, така и кон другите. Верувате дека сте совршени и сте во потрага по совршен партнер, односно партнер кој ќе ги исполнува сите ваши перфекционистички критериуми.

-потрагата по совршенство  (кое не постои), често може да биде и одбрана, рационализација на неуспехот. Ако ова е ваш проблем, треба да ја смалете листата на барања, треба да ја прифатете сопствената и туѓата несовршеност и да бидете пореалистични.

-други најчести фактори кои го отежнуваат наоѓањето на момче или девојка, се емотивните блокади, од типот на страв, срам и депресивност. Може да се плашите на некого да му пријдете, да се запознаете, да се врзете или стравувате од отфрлање и од негативна евалуација (проценка) од страна на потенцијалниот партнер. Ако имате ниско ниво на самодоверба и се сомневате во себе, сигурно ќе се чувствувате несигурно кога на некого треба да му пристапите, да остварите некаков контакт. Таа несигурност се одржува и зголемува ако верувате дека вашата вредност како личност зависи од тоа дали на некого му се бендисувате или не.

-друг голем проблем е срамот. Ако изразито се срамите кога треба да се преставите или кога треба да започнете и да одржите некоја комуникација, всушност стравувате дека ќе бидете откриени, критикувани или понижени. Сето ова кај вас добива размери кои се на ниво на катастрофалност. ---отсуството на социјалниот контекст исто така е отежнувачки фактор. За со ова да се справите, треба да се преиспитате дали сте опкружени со личности кои ви одговараат и дали контексот во кој трагате по партнер е оној во кој може него и навистина да го пронајдете.

-следен отежнувачки фактор е останување во врска која не ви одговара. Ова не е ништо друго освен страв од осаменост и отсуство на верба дека може да најдете некој кој повеќе ќе ви одговара. Треба да излезете од незадоволителната врска за да може емотивно да се консолидирате, да не бидете конфузни и затворени, зошто ова ве спречува да пронајдете нов партнер кој ќе ви одговара.

-доколку имате ниска фрустрационата толеранција (тешко поднесувате фрустрација), ќе имате проблем во пронаоѓањето на партнер.Она што прави да слабо ја толерирате фрустрацијата е ставот дека пронаоѓањето на партнер би требало да биде лесно, едноставно и брзо, што реално не е така.